• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

НИ ОСТАНАА САМО ВИРШЛАТА И ДВЕТЕ ВАРЕНИ ЈАЈЦА

февруари 21st, 2020 Колумна коментари 996

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
НИ ОСТАНАА САМО ВИРШЛАТА И ДВЕТЕ ВАРЕНИ ЈАЈЦА

За среќа, иако лично не очекував, минатата недела се распушти деветиот парламентарен состав во Република Македонија кој ќе остане запаметен и запишан во историјата како најнеуспешен и како состав кој нанесе ненадоместлива штета за својата земја и граѓаните. Дојдоа неславно на избори кои претходно три пати се одложуваа, додека според нечии желби не се склопија коцките, за да се дојде до отприлика нерешен резултат помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС(С)М, а потоа на неславен и срамен начин насилно да се формира ново мнозинство кое беше спремно да ги исполни барањата на оној кој ги инсталираше на власт. Но тоа е апсолвирано и пишувано од многумина и од сето тоа штетите и последиците долго ќе мораме да ги трпиме и да се надеваме дека на изборите ќе победи разумот во што е можно поголем број за да се овозможат добри предуслови нешто да се исправи.

Во овој денешен текст ќе се осврнам на ураганот кој ја зафати Македонија на сите полиња за што свои заслуги има распуштениот парламентарен состав и владата која тие ја инсталираа и поддржуваа во изминативе три години. Неуспеси каде и да погледнеш и анализираш.

Економијата комплетно е урнисана, иако упорно се трудат да не убедат дека блескаме. Со рамниот данок ја утнаа работата, па мораа да го враќаат. Штетата од заминувањето на странски компании поради тоа и за откажувањето на новите инвестиции во најава, тешко дека ќе биде надоместена, а последиците ќе ги трпиме сите ние. Ја зголемија вештачки минималната плата принудувајќи ги работодавците да исплаќаат сума која тие ја одредуваат без притоа да утврдат дали е тоа можно во реалноста. Да не се разбереме погрешно, работниците треба да земаат и поголема плата од оваа минималната, но за некому да се наложи да исплаќа таква плата сметам дека државата треба да створи предуслови и да направи анализи дали и која компанија колку може да исплаќа како минимална плата. Ваквата политика доведе до укинување на работни места, а многу самовработени во микро семејни бизниси беа принудени истите да ги затворат (тоа е според моето мислење најголемата штета која е направена), а луѓето ги отвараа за да си плаќаат придонеси, здравствено и социјално осигурување и што е најважно не беа терет на државниот буџет. Со грешната политика многу вакви работни места се затворија, поттикната е повторно сивата економија и потребна е една сериозна анализа, како и некој да ги сноси последиците за тоа. Се фалат со разни проекти за помош на младите, на невработените, на земјоделците итн. Ни од тоа нема ништо драги мои, само лажги со опашки. Сите тие проекти и средства најверојатно завршија кај партиските потрчковци, полтрони, снаи, баџанаци и јатрви, кои секако потоа во знак на благодарност се должни да му се оддолжат на оној кој им ги доделил. Социјалата врие тивко во себе и прашање на ден е кога оваа категорија ќе експлодира. Демек зголемена помошта, но со додадени услови кои тешко дека некој ќе ги исполни. Мирно е затоа што заради изборите сето тоа уште не се применува како што е замислено, но кога ова ќе заврши, доколку истиве останат на власт, ретко кој ќе може да се надева на праведна социјална политика. Партијата која ги создаде 99% од стечајците во државава сега се фали дека ги решила со доделување на милостина до пензионирање откако луѓето ги остави со децении на питачки стап, во безизлезна и безнадежна состојба, повеќето тешко болни благодарение на судбината која ги снашла. Да е уште поголемо лицемерието, во парламентарниот состав и во власта има личности кои со своето делување директо придонеле за таквата состојба, за сега со кревање на два прста и со народни пари да се фалат дека некому помогнале. Селективното зголемување на палти во јавниот сектор е посебна приказна. Незадоволството се гледа насекаде, од здравството до образованието, а им беа ветувани ,,брда и долини,,. Пензиите пораснаа за некои смешни суми кои е понижувачки да се спомнат, а постојано ни ги полнат главите со тие накачувања и со она фамозното ЌЕ, ЌЕ, ЌЕ од февруари, па од март итн. Најсмешното од се е тоа што кога говорат за овие ЌЕ-проекти тие се толку занесени и западнати во транс што се добива впечаток дека тие се веќе одамна реализирани и дека сите уживаме во нивните благодети. Болно и тажно. Абер да нема од нешто, а ти да повторуваш дека граѓаните го уживаат.

Градежништвото е равенка со три непознати за сеуште актуелнава власт. Таква неспособност не е видена верувам дури и во најниско развиените цивилизации во централна Африка. Дури и некое племе кое нема на располагање копач и мотика верувам дека побрзо ќе изгради автопат или некаков друг објект отколку што беа способни овие од нашата влада. Патиштата кои наводно ги прават и одамна требаше да се готови, кај и да е ЌЕ ги пуштат, а требаше да се веќе готови, на пример експресниот пат од Три Чешми до Кочани. Тие така се пофалија и требаше да исполнат, времето за работа оваа сезона ептен им се погоди, средства на располагање имаат и оправдување нема. Но, не ги бива луѓето за ништо, па тие ни готовиот автопат од Скопје до Штип две години незнаеа да го пуштат. Сега за време на кампањата ќе се правдаат со Корона вирусот кој беснеел во Кина, па заради тоа работниците неможеле да си ја сработат работата, ама кај и да е ЌЕ биде до март (непознато е само до кој). Највеќе од се мора да им се признае ги бива за ,,градење,, на двојазични табли по институциите дури и таму кај што велеа дека само некој ненормален може да помиисли дека ќе ги има. Само нервози и провокации до сограѓаните за да ги предизвикаат на непромислени потези и да ги пикнат во зандани како терористи или да ги наместат да плаќаат драконски казни за емотивен непромислен потег. Апелирам на воздржаност и разум, оставете ги нека се глупираат! Тие за многу брзо време самите ќе ги вадат и ќе се срамат од своите постапки.

Судството и самите си кажаа, го расцветаа како пупка. Од создавање на перцепција за некакво ,,сваровски,, судство сега дојдовме до фаза на расцветаност која патем искрено кажано доколку реално се вратиме наназад никогаш и не завршила, а ја започнаа токму овие од СД(С)М во далечната 1996 година. Инсталациите од тоа време сеуште ревносно им служат, така да овие од сваровски времето се минорни, можат на прсти да се избројат и немаат никакво влијание во сегашната расцветаност. Трагедијата да е поголема после три години полна власт во понеделникот организираа марш за правда, кој единствено нешто што им покажа дури и на нивните најревносни поддржувачи, дека крајот ќе им дојде многу поблиску од што мислеа, а дебаклот кој ќе го доживеат на 12-ти Април ќе биде огромен. Но тоа е, како владееја така ќе мора и да си живеат потоа, и секако да си ги сносат последиците за непромислените потези.

На полето на културата, тоатален колапс. Три години по ред скандали во делењето на средствата, а за некаков проект или културен настан и добро за време на нивното владеење нема да може да се сети ниту оној кутар министер кој го поставија, а веројатно и неговиот претходник, сега советник на премиерот.

Спортот ни е спуштен на најниски гранки, се финансираат спортови кои реално и не постојат, а беа маргинализирани дури и оние клубови каде што редевме успеси со години. РК Вардар е пред распад, ФК Вардар нешто слично, а ветената помош и субвенции никако да ги добијат. Спортските федерации наместо да гледаат да ја подобрат состојбата во спортот за кој се задолжени беа принудени да си ги променат називите, како да е тоа нешто од толку голем приоритет. Синоќа разочарано го гледав настапот на кошаркарската репрезентација против Естонија, додека во преден план на лед екраните одеше постојано и ударно ,,европското,, КФСМ. Лично ми фалеше она ,,сељачкото,, КФМ, посебно од 2011 година кога бевме четврти во Европа. Но, каква ни беше политиката, такви ни се и резултатите.

Од нивното тригодишно владеење на народот му останаа само виршлата и двете варени јајца. Тоа е реално гледано успехот кој тие го постигнаа во изминативе години.

Почна предизборниот период, роковите течат, ВМРО-ДПМНЕ и правната комисија будно ќе ги следат сите случувања. Законите предвидуваат санкции за сите неправилности кои ќе се случуваат во овој период, особено од претставниците на власта. За секоја неправилност бидете сигурни дека ќе биде поднесена соодветна пријава до Антикорупциската комисија и до другите надлежни органи и институции. Затоа ги охрабруваме граѓаните да собираат податоци, да документираат и да пријавуваат до нас секаква неправилност која ќе биде забележана. Ова зло мора да биде силно победено на предвремените избори на 12-ти Април и да биде испратено во историјата. Обновата на Македонија доаѓа со забрзани чекори, а З.З. и неговата СДС(С)М никогаш повеќе нема да се повторат во ваков формат и со овие луѓе.

Пишува: Кирил Ковчегарски,

адвокат и член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција при ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Христина Смилевска: Со СДСМ на власт и деспотизмот на Зоран Заев се расплакаа многу семејства
Следна објава Која е целта на посетата на Зоран Заев и Љупчо Николовски на Општина Виница?
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 617
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 631
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 616
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 601
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 969
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 752
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 796
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1301
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2213
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1475
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201919
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.