Во интервју за Канал 5 ТВ Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска говореше за повеќе актуелни прашања кои го свртеа вниманието на јавноста деновиве.
На прашањето на новинарот во врска со актуелната состојба на пандемијата со Ковит-19 и како тој се снаоѓа како политичар со оглед на темпото кое што го има, неговите обврски и задолженија, Николоски ја истакна својата заложба и посветеност да се реагира од страна на сите заедно во насока на спасување на човечки животи и дека не е време за политика. Тој ја изрази својата верба дека многу бргу ќе можеме сите да се вратиме во нормала и дека е е потребно да се почитуваат препораките кои ги применуваат сите во светски рамки.
“Сега е најважно да се спасуваат човечки животи. Јас сум кажал и претходно сега е време да се спасуваат човечки животи и не е време за политика. Секако се обидувам да го одржам темпото на работа, во моментов разговараме од мојата канцеларија. Сите оние активности кои што не бараат директен контакт гледам да ги одржам, се она што може да се направи по телефон, на е-маил итн. се обидувам на дневна основа да го одржам моето темпо на работа.
Секако теренските активности по кои што сме ние препознатливи, за жал во овој период се стопирани, но се надевам дека оваа пандемија ќе заврши што побрзо, пред се за доброто на здравјето на граѓаните, секако и за економската благосостојба и ќе можеме сите да се вратиме на нормалниот живот.
Сепак во моментот приоритет е да се почитуваат препораките, тие се препораки кои што цел свет ги применува и да се спасат што повеќе човечки животи и што помалку луѓе да бидат заболени од корона вирусот.“
-истакна Александар Николоски на почетокот на своето интервју.
Целиот разговор со новинарот погледнете го во продолжение:


