• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Носител на ИЕ4- Александар Николоски: После 12 април правдата во Македонија ќе дојде и Зоран Заев ќе одговара

март 11th, 2020 Македонија, Политика коментари 533

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Носител на ИЕ4- Александар Николоски: После 12 април правдата во Македонија ќе дојде  и Зоран Заев ќе одговара

Интегрален текст од говор – Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на Изборна единица 4

Почитуван претседател на ВМРО ДПМНЕ, проф. Д-р Христијан Мицкоски.

Почитувани носители на победничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За   Обнова на Македонија“.

Почитувани кандидати и идни пратеници.

Почитувани идни раководители на Република Македонија.

Почитувано ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Тргнуваме оттука и запирање нема. Победуваме!

За мене е огромна чест да стојат тука пред вас. Во избори сум од 2004 година и најубавите години ги поминав во ВМРО-ДПМНЕ. Тие години не се залудно потрошени. Тие години сега треба да ја добијат својата круна. Да ја направиме Македонија нормално пристојно место за живеење.

На крајот на 2017 година  кога професорот Мицкоски ме покани да  бидам негов потпретседател и дел од неговиот тим си ветивме дека прво ќе ја реформираме партијата, а потоа ќе ја реформираме Македонија. Ќе ја направиме нормално пристојно место за живеење. Еве не нешто повеќе од две години подоцна со реформирано ВМРО-ДПМНЕ, како што велиме нови луѓе за нови времиња со почит према сите оние кои што оставија трага во партијата и во државата. Тие нови времиња после 12 Април ги носиме во Македонија заедно со новиот премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

Јас ја имам таа обврска  да ја предводат листата во 4та изборна единица и тука сакам нешто да ви ветам:

„Ќе го победиме Зоран Заев дома, затоа што победите на гостински терен се најслатки“.

Ја очекувам вашата поддршка и вашата помош.

И сакам нешто да кажам:

„Постојат малку политичари во Македонија  и досега еден којшто рекол: Јас ќе бидам премиер и или ќе победиме заедно и ќе бидам премиер или не се кријам позади мандатот. Тоа е доблеста на Христијан Мицкоски со којшто заедно во 4 изборна единица и во Македонија ќе го победиме  Зоран Заев“.

Пријатели зборуваат за Европската Унија, а јас сум водел една од институциите во таа Европа. Зборуваат за Европа, а таму не знам кога отишле, а  јас знам дека  2 години бев гордо потпретседател на Парламентарното Собрание во Советот на Европа.

Зборуваат за Европа и за НАТО, а нашите дедовци лежеа по затвори за прозападна ориентација на Македонија, додека нивните од комунистичката   партија ги затвараа. Зборуваат за прозападни вредности, а Македонија ја направија Казабланка и затоа сакам нешто да кажам.

Со Зоран Заев ќе се натпреваруваме во 4 изборна единица и во Македонија  со програма, со концепти, со луѓе. Тоа ќе е до 12, а после 12 април правдата во Македонија ќе дојде  и Зоран Заев ќе одговара. Сакам оттука да му порачам дека ќе одговара за сите криминали и злодела кои што ги направи во овие години власт во Македонија, ќе одговара.

Слушам зборува овој или оној ќе му направел влада, па сега зборува дека овој или оној ќе го спасел. Би сакал нешто да му кажам, на вратите на кои што тропа, јас сум бил внатре. Таму каде што тој мисли дека ќе оди, јас сум бил и знам многу добро криминалци и корумпирани таму во друштво не сакаат. Напротив бараат да одговараат и затоа спас му нема.

Зоран Заев после 12 април ќе одговараш, јас ти гарантирам, ВМРО-ДПМНЕ ти гарантира, Македонија ти гарантира.

Во 4 изборна единица ќе го направиме она што Зоран Заев не го направи дури ни за дома. Јас не знам како не се нервира кога си оди во Струмица  и кога го гледа патот застанат од Штип према Радовиш, камен не се става, ништо не се става. Затоа ќе го довршиме експресниот пат и ќе го продолжиме до Струмица, Ново Село, Василево, Босилево и до границата со Република Бугарија. Ќе изградиме експресен пат кој што ќе го поврзе и Штип со Радовиш и секако ќе го изградиме автопатот кој што ќе ја поврзе централна Македонија со западна Македонија, автопатот во Велес, Прилеп и до Битола. Тоа значи развој за југоистокот, тоа значи повеќе работни места, тоа значи повеќе млади да останат тука заедно со нас во Македонија.

Во Прилеп, Струмица, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Гевгелија, Валандово, Дојран, Богданци, Демир Капија, Ново Село, Могила, Босилово, Василево и Конче заедно ќе ја започнеме обновата. Таа е обнова која што ни е потребна на сите нас. Таа е обнова која што ќе значи повеќе луѓе да останат тука во Македонија  за заеднички да ја градиме. Ќе се гледаме низ селата, градовите, ќе се гледаме заедно со луѓето затоа што ни сме дел од народот.

Македонци, Турци, Власи, Роми,Срби, Бошњаци, сите заедно обединети во ова голема коалиција „Обнова на Македонија“ да победиме на 12 Април и да ставиме крај на злото. До 12 Април работа, после 12 април одговорност за секој кој што се огрешил пред законот.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее Република Македонија!

Да сте живи и здрави!

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Носител на ИЕ1-Гордана Сиљановска: Време е за поинаква револуција
Следна објава Дурловски кога било најтешко подарил виолина на ќерката на Горан Ангелов
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 719
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 673
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1328
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 606
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 698
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 371
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 675
Жена на денот
Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

863
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

2041
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1494
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202019
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Магазин

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

Окт 18th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.