“Огромните поскапувања и економската криза која негативно се рефлектира врз буџетот на секое семејство, нѐ задолжува нас како општина да превземеме итни чекори за помош и поддршка на граѓаните.
Оваа година, во соработка со неколку општествено одговорни компании, ќе обезбедиме неопходни средства за успешен почеток на училишната година за секое прваче во Штип.
Stip city mall обезбеди ранче за секое прваче, компанијата ЕАМ секоја година обезбедува маички за сите првачиња, а здружението Ефектива во соработка со Халк банка ќе обезбеди прибор за малите ученици.
На овој начин ќе овозможиме секое детенце од прво одделение со радост да ја почне оваа нова учебна година.”
-соопштение упатено до јавност на Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.