Битолскиот борец Ристо Димитров во ММА борбите во главната борба против Дарко Кнежевиќ од Србија триумфираше во првата рунда со ефективна победа и доминација во директната пресметка на партерот.
„Борбата течеше супер и како шо планирав. Прво го тестирав противникот, затоа што не беше ни најмалку наивен и е искусен борец. Проба неколку удари со нога и рака, потоа видов шанса и направив влез на нозе и со дабл лег тејкдаун го донесов на партер. Се бранеше силно, ама во партер сум подобар. Влегов во фулл маунт и го завршив со неколку удари уште во првата рунда.
Секоја чест за противникот кој беше добар и јак противник со повеќе од 100 борби во бокс, кикбокс и ММА“, вели Димитров за порталот ipon.mk.
После борбата во славеничките моменти Ристо го развеа Македонското национално знаме, кое зтана препознатлив белег на сите победи на Македонските борци.
Оваа борба која се одигра во саботата во Хрватска, е втора по враќањето на Македонскиот титан Ристо Димитров кој во јуни оваа година славеше победа исто така во првата рунда против Марко Шпириќ исто така од Србија.
Во продолжение ја пренесуваме борбата на Ристо Димитров од 8-ми јуни 2019 година против Марко Шпириќ