За почетокот на месец Декември е закажан еден од концертите на годината во Македонија.
На 5-ти декемвро 2019 година на сцената во концертната сала на МКЦ ќе се одржи концертна промоција на Лонг плејката на Горан Трајкоски со бендот “Мугер Фугер”, насловена “Во ова време”.
Влезот за настанот е слободен а албум изданието на самата негова концертна промоција ќе може да се купи за 300 денари.
Ова дефинитивно ќе биде концерт за паметење кој можеме да го вброиме во врвот на концертните настани за оваа година.
Во продолжение ја пренесуваме објавата на промоторите за овој настан:
На 5-ти декември, во МКЦ, концертна и LP промоција на музичкиот проект Мугер Фугер + ГоТра „Во ова време“.
Еден од најважните македонски музичари на сите времиња, Горан Трајкоски, („Падот на Византија“, „Анастасија“, „Мизар“) и бендот чија музика е звучен одблесок на човековиот примордијален крик, Мугер Фугер, на домашен терен ќе ја резимираат нивната десет годишна соработка.
Во продолжение ја пренесуваме песната “PATER URBIS” на Горан Трајкоски со Мугер Фугер што може да биде базична илустрација за она што може публиката да очекува од нивниот концерт: