Денеска на прес конференција портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски обелодени индиции за можни криминални дејанија на функционери на Демократскиот сојуз на Павлае Трајанов во интерес на опстојување на актуелната коалиција на власт во државата.
На прес конференцијата Наум Стоилковски во јавноста обзнани повеќе индиции за злоупотреба на раководните функции во јавното претпријатие Градски паркинзи во Скопје од страна на високи партиски функционери на Демократскиот сојуз која што е една од помалите партии кои обезбедуваат парламентарно мнозинство за опстојување на актуелната власт предводена од СДСМ и ДУИ во владата на Република Македонија.
Според Стоилковски функционери на Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов добивале јавни функции во Градски паркинзи во Скопје а овие како раководни лица обезбедувале привилегии за поголем број на останати други функционери на СДСМ и ДУИ во смисла на неплаќање на услуги за паркинг, кои што услуги сите други граѓани се обврзани да ги плаќаат.
Стоилковски даде рок од 24 часа за во јавноста да се произнесат функционерите на Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов во врска со овие обвинување, во спротивно во текот на утрешниот ден ќе обелодени список на регистарски таблици кои што користеле бесплатни паркинг услуги на ЈП Градски паркинзи- Скопје.
Целата прес конференција на Науп Стоилковски- портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во врска со овие криминогиени постапки на функционери на СДСМ, ДУИ и Демократскиот Сојуз погледнете ја во продолжение:


