Украинските граѓани Јарина Ариева и Свјатослав Фурсин ја имаа таа среќа/несреќа да се венчаат неколки часови откако руската армија ја нападна Украина. Првиот ден од она што за вообичаен штотуку венчан пар треба да биде почеток на нивниот меден месец тие го поминаа во обезбедување оружје и подготвувајки се за одбрана на нивната татковина.
Венчавката пред нападот била планирана за во месец мај, но поради несигурноста која ја донесе војната, тие ги сменија плановите и побрзаа да си укажат на вечна љубов токму во тие моменти. ![]()
![]()


