Александар Пандов во врска со односот на Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски кон новинарите упати своја реакција во јавност.
Истата ја пренесуваме во продолжение во целост:
“Караџовски да имаше основно чувство на морал и одговорност, после рангирањето на Форбс , како претседател на ,,Комисијата“ самиот ќе си поднесеше оставка, немаше ни да чека министерот да го разрешува.
Но, за жал во случајов говориме за еден егоцентричен дибек, кој на рекордни бројки на смртност во регионов и Европа, тој на прес кажува како си се смееле.
Народот џабе не рекол: ,,Кај шуто, па уште и боде“!
Бар да имаше доблест да наведне глава пред новинарите и да се извини на цела Македонија, џукелава уште се расправа и ги вреѓа, со што преку нив, плука и на секој еден од нас!


