Ако Стево Пендаровски има макар еден глас помалку од Гордана Силјановска јас ќе почнам постапки за да организираме предвремени парламентарни избори, иако мојот став е јасен дека ние не треба постојано да одиме на предвремени парламентарни избори,
-ова синоќа во отвореното студио на телевизија 24 го истакна Зоран Заев.
-Доколку нема цензус законот налага неколку опции, повторно се организираат претседателски избори, или да се промени Уставот за да се тргне цензусот или да се бира претседател во парламентот,
-вели Заев.
Во рамки на кампањата која ја водеше Зоран Заев за својот кандидат Стево Пендаровски за да манифестира политичка доминација како ПР содржина кај својот електорат пред првиот круг на изборите тој порача дека ако изгуби Стево Пендаровски на изборите Че организира Предвремени Парламентарни избори, затоа што сакал да ја провери довербата кај граѓаните.
Сега со ваквото ретерирање и негирање на своите изјави Зоран Заев уште еднаш покажува дека граѓаните не можат да му веруваат на она што го кажува од ден за ден.