Потребни состојки:
- 3 јајца
- 200 грама шеќер
- 240 милилитри масло
- 250 грама брашно
- 230 милилитри јогурт
- 1 прашок за печиво
- 1 килограм излупени и исечкани кајсии
- 2-3 лажички гриз
- Шеќер во прав за декорација
Исечените кајсии динстајте ги со малку масло за да омекнат, заедно со гризот и малку шеќер. Потоа измешајте ги јајцата, шеќерот, маслото, брашното, прашокот за печиво и јогуртот и направете хомогена смеса.
Две третини од смесата ставете во премачкана тавичка и печете додека не се направи кора. Извадете го колачот од рерната, наредете ги кајсиите, а потоа нанесете го и остатокот од смесата.
Печете уште 30-40 минути и на крај посипете ја питата со шеќер во прав. Уживајте во овој неверојатен вкус на пита со кајсии.



