• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Подемот на Кинеската воена морнарица

октомври 19th, 2021 Колумна коментари 546

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Подемот на Кинеската воена морнарица

Тајван и ситуацијата околу него е актуелна тема во светските медиуми во изминатиот период. Деновиве во светските медиуми како бомба одекна веста дека нуклеарна подморница на САД се судрила со непознат објект под вода во Јужното Кинеско море. Подморницата е оштетена и итно е испратена на ремонт на островот Гуам. И САД со своите сојузници и Кина со Русија спроведуваат големи поморски воени маневри во Јужното Кинеско море и во Индо – Пацификот. САД, заедно со Јапонија, Индија, Холандија и Велика Британија оддржаа огромни воени поморски маневри во Јужното Кинеско море кои беа насочени против Кина и се јасна порака за Пекинг. Во поморските маневри учествуваа 4 носачи на авиони со ударни групи, вкупно околу 30 различни бродови плус нуклеарни подморници. Кина одговори со сопствени воени поморски маневри во близина на Тајван, плус со заеднички поморски воени маневри со Русија во Јапонското море, во кои што учество зедоа 10 бродови од различна класа, по 5 од Кина и 5 од Русија. Она што е интересно е дека после завршувањето на маневрите, руските и кинеските воени бродови заедно се упати во Тихиот океан, и истите се следени од руски и кинески нуклеарни подморници.

Изградба на океанска флота

„Од 2000 година, во Кина се изградени повеќе подморници, разорувачи и фрегати отколку во Јапонија, Јужна Кореја и Индија заедно. Вкупната тонажа на нови воени бродови произведени од Кина само во последните четири години е значително повисока од вкупната тонажа на француската флота “, забележува Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS). Во моментов, во различни бродоградилишта во Кина, во различни фази на изградба, има околу 80 воени бродови и подморници за потребите на кинеската морнарица, првенствено бродови од прв и втор ранг, кои се потребни за создавање на океанска флота. Како резултат на тоа, Кина денес има повеќе бродови и подморници од САД, но заостанува зад САД по вкупната тонажа на морнарицата.

Почнувајќи од  2014 година, НР Кина на своите бродоградилишта произведе и распореди повеќе подморници, воени бродови, големи амфибиски десантни бродови и помошни бродови и средства во флотата отколку вкупниот број на бродови што моментално служат во морнариците на Велика Британија, Германија, Индија, Шпанија и Тајван заедно.

Во исто време, во тек е изградба на два носачи на авиони од новата генерација Тип 03, носачи на хеликоптери од класата Тип 075, големи десантни бродови од класата 072, заедно со придружна група (разорувачи од новата генерација Тип 055 и Тип 052Д), фрегати Тип 054А, корвети од класата Тип 056, технички бродови, повеќенаменски подморници Тип 093.) Тие треба да ги формираат кинеските ударни групи, чие што јадро ќе го сочинуваат новите носачи на авиони од класата Тип 03. ​​ Кина планира да изгради шест групи на носачи на авиони и десет поморски бази низ целиот свет до 2030 година. Од тие 6 носачи на авиони, Кина планира 3 постојано да бидат во светските мориња и океани, и преку нив Кина да ја проектира својата воена, економска и политичка сила ширум светот. До 2030 година се очекува Кина да започне со изградба на носач на авиони на нуклеарен погон. Преку изградбата на моќна океанска флота Кина сака во периодот до 2030 година по мирен или по воен пат да ја врати контролата над Тајван, и на тој начин да си овозможи слобода на дејствување во Тихиот океан. Истовремено со изградбата на океанска флота и на нови ракетни системи, Кина ја проширува својата А2/АД зона на околу 3 000 км и ја прави мобилна, како резултат на разорувачите од класата Тип 055 и Тип 052Д.

Во развојот на нивната поморска доктрина, кинеските воени стратези направија комбинација помеѓу советската и американската доктрина. Кина истовремено развива и гради и подморска флота (стратешки подморници, повеќенаменски нуклеарни подморници), и површинска флота според американскиот модел, ударни групи составени од носачи на авиони.   Со својата растечка економска моќ, Кина може да си дозволи толку скапа комбинација помеѓу советската и американската поморска доктрина. Во текот на изминатите 10 години, Кина квалитативно ја зајакна својата флота во сите правци. Се очекува дека кинеската морнарица ќе го достигне својот врв во периодот 2032-2035 година, и ќе може да ја предизвика американската морнарица во Тихиот океан.

Кина воспостави поморска база во Џибути за контрола на Аденскиот Залив, Персискиот Залив и делови од Индискиот Океан. Исто така, кинеската морнарица го користи пристаништето Викторија на Сејшелите за полнење гориво на бродови и одмор на морнарите. Кина има  воена база на островот Коко (Мјанмар) – центар за радарски надзор за електронско разузнавање и електронска војна за премин на бродови и навигациска станица за подморници.  Во 2014 година, кинеската агенција Ксинхуа препорача формирање поморски бази во градовите Чонгџин (Северна Кореја), Порт Моресби (Папуа Нова Гвинеја), Сихануквил (Камбоџа), Ко Ланта (Тајланд), Ситве (Мјанмар), Малдиви, Сејшели , Гвадар (Пакистан), Дака (Бангладеш), Лагос (Нигерија), Хамбантота (Шри Ланка), Коломбо (Шри Ланка), Момбаса (Кенија), Луанда (Ангола), Заливот Волвис (Намибија), и Дар ес Салам (Танзанија).

Во пристаништето Гвадар во Пакистан, кинеската морнарица веќе распореди различни радари и уреди за електронско извидување и навигација. Во следните 5 години, Кина ќе отвори поморски бази во Гвадар (Пакистан), Сејшелите, Малдиви, пристаништето Читагонг (Бангладеш), пристаништето Хамбатота (Шри Ланка). Гледајќи на мапата во овој момент во светот, овие бази ќе и овозможат на морнарицата на ПЛА да го контролира Индискиот Океан со цел да ја проектира својата стратегија и моќ во овој регион и да ги заштити кинеските интереси во индо-пацифичкиот регион.

Кинеската флота денес располага со повеќе бродови и подморници од САД, но сеуште заостанува зад САД по вкупната тонажа на флотата. Покрај тоа, на кинеската флота и предстои период на постојани обуки и маневри, се со цел да го достигне нивото на опременост и обученост на американската флота. Огромен минус за Кина е тоа што Кина нема искуство во поморски воени операции и војни, за разлика од САД. Но САД е поморска држава, а Кина е континентнална.

Фото извор:

U.S., U.K. Aircraft Carriers Drill with Japanese Big Deck Warship in the Western Pacific
Naval power in the Pacific in numbers

Пишувa: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Дарко Тодоровски
  • кина
  • Колумна
  • меѓународни односи
  • морнарица
  • став

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Противниците на власта се окрупнуваат за вториот круг на локалните избори
Следна објава Љупчо Папазов: Власта го загуби мнозинството во Кочани, следуваат промени
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 552
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 562
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 562
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 538
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 468
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 893
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 569
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 706
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 697
Жена на денот
Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

1158
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1896
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 2022 584
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 201727
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202125
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201921
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.