Откако тврделе дека глуци изеле половина тон марихуана, осум полицајци се отпуштени од полицијата во Аргентина.
Контрола во полицијата утврдила дека половина тон канабис недостасува од магацинот на полицијата во градот Пилар, кој е на околу 50 милји оддалечен од главниот град Буенос Ајрес.
Откако осум полицајци потврдиле дека глуцви ја изече марихуаната, а глувците за волја на вистината навистина јадат марихуана, форонзичари утврдиле дека нема докази со кои би се потврдило дека токму глувците се “виновни” за исчезнувањето на марихуаната.
Недостатокот на оваа марихуана првично бил забележан при рутинска инспекција во депото на полицијата каде пред две години оваа марихуана била складирана.
Од 6000 кг кои што документирано биле складирани таму, биле пронајдени само 5460 кг. А тоа значи дека 540 кг недостигаат.
Навистина би требало многу глувци за да биде изедена оваа количина на марихуана иако депото на пшолицијата е навистина голем простор.
Емилио Портеро бил полицаецот кој забележал дека тревата недостасува и човекот кој ги известил претпоставените за да извршат контрола во депото.
Поранешниот вработен во Specia службата дал идентичен исказ како и другите негови отпуштени колеги дека глувци ја изеле тревата што недостасува.
Но контролата не пронашла никаков доказ дека тоа е така и утврдила дека е потребен голем број на глувци за да изедат толкаво количество на марихуана за толку кратко време.
“Експерти од универзитетот во Буенос Ајрес објасниле дека глувците не би погрешиле дрогата да ја консумираат како храна, и дека ако голема група на глувци ја изедат ќе имало многу угинати глувци кои би биле пронајдени во депото”- изјавил портпаролот на судијата Едријан Гонзалес Чави.
Но сепак врз основа на независни изработени студии во минатите неколку години било фокажано дека канабисот всушност не е отровен за глувците и дека тие можеби навистина ја имаат изедено тревата.