Синоќа избувнал пожарво РЕК Битола. Од неофицијални извори се дознава дека гори трафостаница во рамки на термоелектраната и паднати со работа се двата блока. На терен се противпожарни екипи.
„Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат“, објавија во кусото соопштение од ЕЛЕМ.
И додека под раководство на СДСМ има проблем со производството на струја, од АД ЕСМ и директорот Васко Ковачевски нема информации за состојбата во РЕК Битола.
Пожарот се случува среде енергетска криза. Во вторник комисијата предводена од министерот Крешник Бектеши ќе бара и прогласување на кризна состојба.