Во текот на четвртокот вечерта на меѓународниот аеродром во Скопје пристигнале 131 авганистанци. Од она што информираат од владата станува збор за вработени на Обединетите Нации за кои владата обезбедила привремен престој до нивното заминување во трета држава. Земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт.
Бегалците ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.
Во земјава во моментов престојува 531 граѓанин на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.