• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Продолжува опремувањето на полицијата – нови униформи за униформираната полиција и други единици на МВР

ноември 6th, 2021 Македонија коментари 466

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Продолжува опремувањето на полицијата – нови униформи за униформираната полиција и други единици на МВР

Во насока на континуирано унапредување на условите за работа на полициските службеници раководството на МВР продолжи со активностите за набавка на нови униформи за сите полициски службеници, па нови комплет униформи добија и припадниците на униформираната полиција и други единици во Министерството за внатрешни работи, кои денеска беа промовирани во кругот на Министерството за внатрешни работи.

Конкретно, за опремување на униформираната полиција набавени се целосни униформи во состав од 10.000 зимски јакни и 8550 високи специјални чизми чија испорака се очекува почеток на 2022 година, 20.000 летни и зимски панталони, 10.000 чевли со дебел ѓон и 20.000 летни и зимски капи со испорака во текот на следниот месец и испорачани 10.000 кошули со краток и 10.000 со долг ракав, 8.000 поло маички, 10.000 полувисоки чевли и 8.000 чевли со тенок ѓон и флуоресцентни елечиња.

„Во овие пет години направивме системски напори за унапредување на работата на сите полициски службеници и воспоставување функционален амбиент со нормални услови за работа, при што задоволната полиција ќе овозможи и поквалитетен сервис за своите граѓани“,

потенцираше министерот Спасовски на денешното претставување на новонабавените униформи во кругот на Министерството за внатрешни работи.

Инаку, целосно нови униформи добија повеќе организациони единици во полицијата, меѓу кои Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност, популарно наречената „Шеста управа“, која доби дводелна цивилна облека и обувки, за воздухопловниот персонал и Хеликоптерската единица набавени се летечки јакни и специјални заштитни и летечки комбинезони, а целосно нова униформа е обезбедена и за младите полицајци и приправници. Имено, со доаѓањето на чело на МВР на министерот Спасовски, како резултат на посветеноста за унапредувањето на условите за работа на полициските службеници, реновирани се над 60 објекти и полициски станици на МВР, специјалниците единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, исплатени беа три заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, обезбедени се поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, со што министерството бележи значително подобрени перформанси во борбата со криминалот, сообраќајната безбедност и севкупната безбедноста на граѓаните на целата територија на нашата држава. Актуелното раководство на МВР ќе продолжи да соработува со Македонскиот полициски синдикат, да го слуша нивниот глас како единствен репрезентативен синдикат на полицијата, со цел заеднички да се унапредуваат условите за работа и да се подобруваат материјално-техничките добра на полицијата и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.

-информираат од Министерството за внатрешни работи.

  • Ознаки
  • инвестиции
  • МВР
  • Оливер Спасовски
  • полиција
  • униформи

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Историчарите во Македонија фалсификувале историски факти- скандалозно тврдење на историчарот Драги Ѓорѓиев
Следна објава Мендух Тачи: Ова што се случува е театар, следната влада ќе биде на чело со Зоран Заев
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 547
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 524
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 520
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 541
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

603
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

1218
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 778
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.