ПРАШАЊЕТО, БАРЕМ ЗА МЕНЕ, НЕ Е ВО 80 или 81, ТУКУ Е ПРАШАЊЕ ЗА МОРАЛОТ НА ЛИЧНОСТА
80 или 81, власта преживеа уште еден ден.
Тоа е нејзиниот триумф и нормална е нивната радост.
Од сликата што ја видовме, можеа да обезбедат и 81 глас ,,за“, можеби и 90. Со ваков состав во собранието, колку им треба толку ќе обезбедат.
Но кога криминалот што се случуваше, кај луѓе кои за себе мислат дека се чесни луѓе, некои од нив дури мислат дека се интелектуалци, кога резултатот на криминалот кај нив предизвикува еуфорија на триумф, знаеш дека како личности секогаш биле безвредни.