Пропагандата за постигање на цензус на референдумот за промена на името и Уставот на Република Македонија завзема се поочајни облици и манифестации.
Последен од оваа низа е повикот на професорка на Медицинскиот факултет која ја користи својата општествено стекната положба како професор да ги повикува своите студенти на активности кои немаат никаква врска со нејзината дејност. Наместо својот професорски капацитет да го користи за наобразба за своите студенти, таа се занимава со политиканство во интерес на геноцидниот референдум закажан за 30-ти септември.
И после здравството било во катастрофална состојба! Со вакви професорски кадри уште подлабоко ќе тоне!
Ги повикувам сите студенти на Медицински факултет, по општа медицина медицина, стоматолози, физиотерапевти, логопеди, високи медицински сестри и радиолошки технолози си кои сите овие години деноночно работевме и да ги совладуваме задачите да излезат на референдум зошто тоа е единствената шанса да се вреднува вашиот труд и залагања. Ние сите заедно сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО!,
-коментира оваа професорка на Медицинскиот факултет на Фејсбук.