Во петок 28.09.2018 година со почеток во 19.00 часот во кафе барот Винил во Скопје ќе се одржи промоција на видео-спот за песната „Ќе завршам под мостот“ во режија на Милан Блажевски и слушачка претпромоција на деби-албумот „21 век“.
Концертната промоција на овој албум ќе се одржи во истиот локал на 16-ти ноември за кога се најавува вистинска рок журка и дружење на сите значајни личности од андерграунд сцената во Скопје и пошироко од државата.
“21 Век” претставува ад хок проект на Васко Атанасоски, заедно со Раде Јордановски и Дени Крстев.

Служнете го во продолжение синглот од албумот кој е објавен на bindcamp каналот на продукцијата “Балкан велики”


