На јутјуб сервисот осамна видео во реализација на Леа Баса, која најавува дека нејзиниот јутјуб канал во иднина ќе биде место каде ќе споделува свои видеа поврзани со нејзиното искуство со мајчинството.
Секој понеделник во 12.00 часот низ видео израз ќе ги споделува своите размисли, дилеми, предизвици и решенија за тие предизвици во врска со мајчинството како процес со кој се соочуваат сите малки во текот на нивниот живот.
Интересна тема, пренесена на симпатичен начин (според пилот видеото подолу) која веруваме ќе го предизвика вниманието на пошироката јутјуб публика.
Прва македонска мамичка на јутјуб 😁
Добредојде на мојот канал! Тука ќе споделувам како мајчинството ме однесе во паралелен универзум.
Секој понеделник во 12 часот напладне, тука сум да ги споделам сите предизвици.
Особено оние кои посакувам да знаев како се решаваат пред да ме снајдат.
-стои во описот под видеото на јутјуб.