Проглас на движењето #Бојкотирам:
Ние нашето го направивме.
Оставаме белег во историјата како интернет волонтерско движење #Бојкотирам спротивставувајќи се на продажбата на името и Уставот на Република Македонија.
Емитуваме пораки во прашална форма користејќи креативност и перформанс барајќи одговори за последиците од Грчкиот договор.
Одлучивме да не ја играме играта на Zaeф и неговите лажни пророци.
Кога задолжителниот референдум стана неостварена желба, консултативниот се соочи со непопуларноста за цензусот.
Цензусот преку “ЗА” и “Против” е совршено алиби за едностраната одлука на Zaeф да ги оправда Грчките ултиматуми. Десуверенизирајќи ја Македонија потпаѓа во вечна зависност на Грчкото толкување на Уставот и историјата. Прифати Уставни промени на измислен Македонски и Албански иредентизам за бришење на историјата и географијата. Коцкарот и измамник без договор дома и национален консензус прифати промена на Устав и промена на име.
Водејќи манипулативна кампања со странски чиновници без да го спомене новото име Северна продава расипан патлиџан на Македонците. Оние пак кои кариери изградија на “одбрана на името и уставот” здружени во елитистичкиот криминален синдикат “Северна” сега повикуваат #ИзлезиЗа и #Гласам. Користејќи го старото Гебелсово правило “обвини го другиот за се што правиш” се обидоа низ лаги и лажни цепелини со #ЗачекориНапред да ја изменат реалноста, да изградат перцепција за европска Македонија, срамно криејќи го новото име за нова држава и нов идентитет.
Историјата суди.
Нивно е предавството и неспособноста да го одбранат името и Уставот, да спроведат реформи трансформирајќи ја “заробената држава” во “владеење на лоповите”.