Драги другарки и другари,
Ова е нашето писмо за поддршка. Со вас сме! Да живее интернационалната солидарност!
Поддршка за македонската Левица
Радничка Фронта се залага за добри меѓународни односи и соработка помеѓу народите на рамноправна основа. Затоа конфликтите кои постојат помеѓу Грција и Македонија, а се потенцирани од нивните политички елити, се нешто против кое мораме да се бориме. Таквата националистичка политика нема ништо да донесе за обичниот народ на Македонија и Грција – национализмот не може да нè нахрани.
Но, тоа не значи дека неодамнешниот договор помеѓу двете политички елити – грчките и македонските – треба да се поддржи, колку и да е повеќедеценискиот спор штетен и непотребен. Од самото референдумско прашање е јасно дека тој договор не е создаден во духот на некаков прогресивен интернационализам и добра меѓународна соработка, туку според многу јасна геополитичка агенда.
Имено, Македонија, како и некои други земји, се наоѓа на фронтот помеѓу геополитичките и економските интереси на Западот (ЕУ и НАТО) и Русија. Целта на оваа иницијатива, на која се присилени Македонија и Грција од страна на западните елити, е конечното придобивање на Македонија во ЕУ и НАТО.
Притоа, не треба да се залажуваме дека тоа се организации кои имаат некакви чесни цели, туку ширење на моќта и влијанието на најмоќните и најразвиените земји на Западот и нивните економии – особено на САД и Германија, но и на неколку други држави.
Целите на НАТО јасно можат да се видат од примерот со Косово, каде НАТО во 1999 година не интервенираше од добрина, туку од многу јасни интереси кои можеме да ги илустрираме преку два факти. На Косово се наоѓа најголемата американска база на Балканот „Бондстил“, додека на чело на канадската корпорација „Енвидити Енерџи Инк.“, која го доби правото за експлоатација на јагленот на третина од косовската територија е токму Весли Кларк, поранешниот американски генерал.
Од друга страна, од примерот на Хрватска можеме да видиме колку се има остварено „медот и млекото“ кој ни го ветуваа при нашиот влез во ЕУ во 2013 година (преку референдум на кој имаше помалку од 50% излезеност, кој беше важечки заради планските измени во изборниот законик непосредно пред референдумот). Се што добивме е тоа што станавме сè уште неразвиена колонија на ЕУ, до тој степен што на пример не можеме сами да одлучуваме што ќе правиме со нашите бродоградилишта, туку мораме за тоа да го прашуваме Брисел, додека од земјата после влезот во ЕУ избегаа околу 300 000 луѓе(што можеби е добро за тие поединци, но тешко дека е добро за хрватското општество како целина).
Заради ова даваме целосна поддршка на македонската Левица во борбата за социјално праведна Македонија која нема да биде играчка во рацете на најмоќните држави и империјалистичките меѓународни сојузи.


