Денеска изутринава се одржа заеднички протест на Македонци од дијаспората пред скршената столица пред седиштето во Обединетите нации во Женева во знак на поддшка на протестите во Република Македонија против промената на уставот и името на државата.
Дел од жолтите елеци кои беа присутни на протестот изразија мислење дека за името и за идентитетот на државата не смее воопшто да се преговара.
Симболиката и пораката на протестот одеше во таа насока дека во Македонија е потребно масовно народно движење на Македонскиот народ по пример на Француските жолти елеци кои распламтеа масовни протести ширум Европа борејќи се за вредностите и придобивките на Европската Унија, кои што нивните власти им ги ускратуваат.
Саммо реку масовни протести на народот кој што не се согласува со промената на Името на Република МАкедонија може да се постигне целта за разобличување на актуелната власт кој насила со најразлични методи го реализира овој процес.