• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Провладините медиуми се соучесници на катастрофалната состојба во која Заев ја турка државата

септември 12th, 2020 Политика коментари 611

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Провладините медиуми се соучесници на катастрофалната состојба во која Заев ја турка државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своја реакција упатена до јавноста алармираше за штетната пракса на провладините медиуми со која ги прикриваат реалните состојби во Република Македонија и тешкиот живот на граѓаните.

Како илустративен пример за ваквата полтронско-платеничка акција на медиумски манипулации Мицкоски го наведува извештајот на Стејт Департментот на САД во врска со состојбите во Македонија кој во ограничена форма, манипулативно и дозирано е пренесен од повеќе провладини медиуми со наратив кој служи за хранење на розевата слика под диктат на Зоран Заев во државата додека граѓаните живеат во секојдневен кошмар.

Во својата реакција Мицкоски ги открива вистинската содржина и суштина на лошиот извештај на Стејт Департментот на САД за состојбите во Македонија.

Во продолжение го пренесуваме ставот на Христијан Мицкоски во врска со овој евидентен проблем:

“Пред два дена сосема штуро беше објавена на дел од медиумите информација за извештај за Македонија напишан од американскиот Стејт департмент. Дел од медиумите блиски до власта дури најдоа поблаги форми со кои се дефинираат состојбите, а со кои сакаа да ја потврдат розевата слика која ја гради власта, која пак е сосема спротивна од тешкиот живот на секој граѓанин. Со други зборови, тие неколку одработија за власта на Заев, лажно прикажувајќи розеви агли, кои доколку дословно се прочита извештајот ќе се забележи дека државава тоне во проблеми и корупција. Се разбира, имаше и помалку кои кажаа дел од вистината. Она што на истите тие медиуми задолжени за розева слика нема да можете да прочитате е тоа што американскиот Стејт департмент укажува на, цитирам “бизнисите отпуштаа вработени”, “државата назадува 31 место на Дуинг бизнис”, “корупцијата останува проблем”, “спроведувањето на законите за борба против корупцијата е слабо и селективно насочено кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција при спроведувањето на законите, судството и многу други сектори, “многу бизниси кои работат, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството”, стои во извештајот на Стејт департментот.

Во продолжение дословно забелешките за Заев и неговата власт:-Социјалната и економската криза предизвикана од КОВИД-19 ќе има длабоки влијанија врз економијата на државата и способноста да ги апсорбира странските инвестиции. Додека се ажурираше извештајот за оваа година, бизнисите отпуштаа вработени, производството беше насочено кон неопходните потреби. Вирусот најверојатно ќе има огромни, иако во моментов нејасни, влијанија врз економијата во 2020 година и понатаму.

-Извештајот за деловно работење (Doing business) на Светска банка во 2020 година ја стави државата на 78-то место во светот за започнување бизнис, за 31 место подоле од 2019 година.

-Бизнисмените се жалат дека долгите и скапи трговски спорови преку судскиот систем создаваат правна несигурност. Бројни меѓународни извештаи забележуваат дека владеењето на правото останува клучен предизвик, посочувајќи ја несоодветната извршна контрола врз судството и лошото финансирање на административните судови како големи пречки. Деловната заедница често се жали дека Државниот завод за индустриска сопственост не регистрира патенти или не презема мерки за спроведување патенти навремено.

Додека државата има воспоставено многу закони за заштита на интелектуалната сопственост, прекршувањето е чест пример и судскиот систем треба да се подобри. Владата користеше нелиценцирани софтверски производи на „Мајкрософт“ и, на почетокот на 2018 година, владата започна разговори за решавање на проблемот. Од март 2020 година, владата продолжи да користи нелиценциран софтвер низ нејзините институции.

Во минатото, владата не успеа целосно да ги спроведе законите поврзани со работничките права, заштитата на потрошувачите, заштитата на животната средина и другите закони и регулативи наменети за заштита на поединците од неповолни деловни влијанија.

Спроведувањето на законите за борба против корупцијата се слаби и селективно насочени кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција при спроведувањето на законите, судството и многу други сектори. Специјалното обвинителство (СЈО) е основано во 2015 година за да ги испита случаите поврзани со скандалот со прислушувањето, кој откри голема злоупотреба на службената положба од јавни службеници, вклучително и наводна корупција при јавни тендери. Откако Главниот специјален обвинител беше обвинет за корупциски скандал во ноември 2019 година, сите случаи беа пренесени во Обвинителството за организиран криминал и корупција на Јавното обвинителство. Транспаренси Интернешнл ја рангираше држават на 106-то место од вкупно 180 земји на Индексот за перцепција на корупцијата во 2019 година, што претставува пад од 13 места, по скандалот со корупцијата во СЈО.

Многу бизниси кои работат, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството, стои во извештајот на Стејт департментот.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Мила Царовска во време на пандемија вработува нови советници со по 60 илјади денари плата во МОН
Следна објава Незавршена канализација причина за попуштање на ѕидови во семејна куќа во село Лески- Виница
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 416
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 732
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 595
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 537
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 655
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1991
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 576
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 707
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 562
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

1394
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1906
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1494
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202019
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Магазин

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

Окт 18th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.