На 6 октомври, Регионалниот центар за застапување ја одржа првата од двете предвидени обуки за јанкење на капацитетите на целните групи кои се вклучени како крајни корисници во проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ кој го реализира во периодот од јуни – декември 2020 година. Обуката беше наменета за претставници од бизнис секотор од регионот Малеш-Пијанец и целта беше приниципите на зелена економија, зелено претприемништво и зелени работни места да се приближат повеќе кон малите и средните претпријатија од регионот.
Исто така еден дел од работилницата беше наменет за можните донатори и фондови кои можат да ги користат малите и средните претпријатија од Делчево и регионот околу Делчево. Како една од можностите во време на Ковид-19 и најразлични економски кризи се грантови преку кои можат да ги потпомогнат и организираат зелените работни места.
Обуката ја водеше експертот за развој и имплементација на проектите финансирани од ЕУ, Ристо Иванов додаде дека овие активности кон кои треба да биде насочен бизнис секторот ќе бодат неминовни во време на климатски промени.
Проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ е финансиран од Европската Унија преку мрежата на Рурален развој на Македонија.
-Извор РЦЗ Делчево.


