Градоначалникот на Општина Штип го посети првороденото дете во 2018 година во штипската клиничка болница. Станува збор за ќеркичката на Ивана Постолова од Општина Карбинци, којашто се родила во 01:50 ч. по полноќ во новогодишната ноќ.
Првороденото дете во 2018 г. во Штип се вика Сара и е првороденче на нејзините родители. Градоначалникот им честиташе на родителите и им посака нивната ќерка да расте здрава и да ги ужива благодетите на функционално општество со квалитетно предучилишно и училишно образование, на што сите заедно ќе работиме.
Меѓу подароците за бебето и мајката имаше и штедна книшка со 10.000 денари, што е добар почеток малата Сара уште од сега да научи да штеди, но и да биде вредна, среќна и весела граѓанка.
Исто така, како дел од програма за одбележување на новогодишните празници, градоначалникот додели и ваучер во вредност од 20.000 денари за Акушерското одделение при Клиничка болница – Штип.