Во рамки на акцијата на градоначалникот Бошко Цветковски за креирање на буџет по мерка на жителите на општина Лозово, денеска тој заедно со вработени во општинската администрација ги посетија жителите на селото Аџиматово.
“Денес, заедно со општинската Администрација извршивме посета на домови во населено место Аџиматово…
Разговаравме со граѓаните и ги нотиравме сите предлози, идеи и сугестии за подобрување на условите за живот во ова населено место…
Убава атмосвера, насмеани лица, елаборирани сите проблеми со кои се соочуваат жителите на ова населено место и одлични предлози за нивно решавање…
Граѓаните креираат БУЏЕТ
п.с. Заеднички и Одговорно….Има разлика ?
-информираше градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски.