Ништо ново и ништо чудно.
Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје како (нели) најдобар универзитет во Македонија и оваа година не се најде меѓу првите 1000 универзитети на Шангајската листа која што е најрепрезентативна листа за рангирање на квалитетот на образованието кое го нудат светските универзитети. Мизеријата е уште поголема со останатите универзитети во Македонија.
Судејки по фактот дека образованието е еден од столбовите на државноста, вештачки наметната со сила творба Северна се помалку заслужува да биде држава.
Граѓаните и сегашните а и идни студенти што да очекуваат од професори не кои наместо професорската професија да им биде предизвик за постојан раст и развој, гледајки дека државата има НЕПИСМЕНИ политичари почнуваат да се занимаваат со политика, верувајки дека ќе ги подобрат работите во политиката. Притоа откинуваат еден значаен дел од арматурата која го држи едниот од столбовите на државноста на нашата држава. Ваквата трка на политичките партии да вклучат што е можно позначајни и покредибилни професорски имиња на своите кандидатски листи , во услови на нивен се порастечки дефицит во Македонските универзитети е сечење на сопствената гранка на која стоиме како општество.
Меѓусебната поврзаност и креирање на т.н. должничко-доверителски односи меѓу политиката и образованието е пракса која повеќе од 25 години ја спроведуваат политичките партии без многу да се води сметка за состојбите во образованието. Политизацијата која е присутна во сите пори на Македонското општество (па и во образованието) е рак рана на било каков развој на општеството, кое за волја на вистината е доведено до состојба на внатрешна имплозија која ќе предизвика незамисливи последици.
Теоријата кога полета во облаци без соодветна реална пракса, создава франкенштајнски творби во секој домен на општествено битисување во секојдневниот живот.
Од сегашна гледна точна тешко е да се излезе од ваквата состојба, но не е и невозможно.
Дали Македонската политичка елита ќе собере мудрост и храброст да создаде нови темели на Македонската самобидност, останува да видиме и самите да влијаеме со свој личен придонес кон ваквиот процес.
Нови темели зошто старите ги испревртивме од корен!
