• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин

‘Разликата помеѓу мажите и жените’ – текст од 1995 година, кој стана повторен хит

јануари 27th, 2019 Магазин коментари 716

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
‘Разликата помеѓу мажите и жените’ – текст од 1995 година, кој стана повторен хит

Поранешниот новинар Дејв Бери е познат по неговиот необичен стил во прикажување на нештата, каде користи хумор кој го прави посебен. Во 1995-та година тој ја напишал книгата „Комплетен водич за момци“ (Complete Guide to Guys) и ден денес книгата има голема побарувачка. Од голем интерес на Дејв биле разликите помеѓу мажите и жените, и половите стереотипи. Станува збор за хумористичен текст, прочитајте го.

“ Разликата помеѓу мажите и жените

Да кажеме дека на момчето по име Роџер му се допаѓа девојка по име Елајн. Тој ја поканува на филм, таа прифаќа и си поминуваат многу убаво. Неколку ноќи подоцна ја поканува на вечера, и повторно уживаат. Продолжуваат да се гледаат редовно, и по некое време никој од нив не се гледа со никој друг.

И тогаш една вечер додека се возат кон дома, Елајн помислува на нешто и без размислување го кажува на глас:

„Дали сфаќаш дека до вечерва сме заедно точно шест месеци?“

И потоа тишина во автомобилот.

На Елајн тишината ѝ изгледа премногу гласно. Си помислува: Се прашувам дали му пречи што го реков тоа. Можеби се чувствува ограничен со нашата врска. Можеби мисли дека се обидувам да го присилам на некаква обврзаност што не ја сака, или за којашто не е сигурен.

А Роџер си помислува: Боже. Шест месеци.

А Елајн си помислува: Но не сум толку сигурна дали и јас сакам ваква врска. Понекогаш посакувам да имав малку повеќе простор за да имам време да размислам дали навистина сакам да продолжиме исто… мислам, каде одиме? Дали ќе продолжиме да се гледаме на ова ниво на интимност? Дали се движиме кон брак? Кон деца? Кон заеднички живот? Дали сум подготвена за таква посветеност? Дали навистина ја познавам оваа личност?

А Роџер размислува: Па, тоа значи дека беше… ајде да видиме… февруари кога почнавме да излегуваме, што беше веднаш откако го однесов автомобилот на сервис, што значи… чекај да… Леле! Навистина треба да го менувам маслото.

А Елајн размислува: Разочаран е. Можам да прочитам на неговото лице. Може го сфаќам ова сосема погрешно. Можеби сака повеќе од нашата врска, повеќе интимност, поголема посветеност, можеби почувствувал уште пред мене дека се воздржувам. Да, сигурно е тоа. Затоа е толку неподготвен да каже што било за неговите чувства. Се плаши од одбивање.

А Роџер размислува: Ќе им речам пак да ја проверат трансмисијата. Не ми е грижа што ќе кажат тие идиоти, сè уште не е како што треба. И овој пат подобро да не го обвинат студеното време. Кое студено време? Надвор е 30 степени, а ова нешто работи како ѓубре и им платив 600 долари на тие крадци.

А Елајн размислува: Гневен е. Не го обвинувам. И јас би била гневна. Се чувствувам толку виновно што го терам да минува низ ова, но не можам да го променам начинот на којшто се чувствувам. Едноставно не сум сигурна.

А Роџер размислува: Веројатно ќе кажат дека има гаранција од само 90 дена…

А Елајн размислува. Можеби барам совршенство, чекам витез да дојде со неговиот бел коњ, кога седам до совршено добра личност, личност со која уживам да минувам време, личност за која навистина се грижам, личност која изгледа како навистина да се грижи за мене. Личност која е во болка поради мојата себична, средношколска романтична фантазија.

А Роџер размислува: Гаранција? Сакаат гаранција? Ќе им дадам гаранција. Ќе ја земам нивната гаранција и…

„Роџер“, вели Елајн на глас.

„Што?“, прашува Роџер, изненаден.

„Те молам не се измачувај“, му вели со насолзени очи. „Можеби никогаш не требаше… Ох Боже, се чувствувам толку…“

(Почнува да плаче.) „Што?“, прашува Роџер. „Будала сум“, липа Елајн. „Мислам, знам дека нема витез. Навистина го знам тоа. Смешно е. Нема витез и нема коњ.“ „Нема коњ?“, прашува Роџер. „Мислиш дека сум будала, зарем не?“, вели Елајн.

„Не!“ извикува Роџер, конечно среќен што го знае точниот одговор. „Само… потребно ми е малку време“, вели Елајн. Има пауза од 15 секунди додека Роџер размислува најбрзо што може и се обидува да смисли безбеден одговор. Конечно смислува еден што мисли дека ќе работи. „Да“, вели тој. Елајн, трогната, му ја допира раката. „Ох Роџер, дали навистина се чувствуваш така?“, вели. „Како?“, прашува Роџер. „Така за времето“, вели Елајн.

„Ох“, вели Роџер. „Да.“ Елајн се врти кон него и го гледа длабоко во очите, правејќи да се чувствува нервозно за она што би можело да го каже следно, особено ако вклучува коњ. Конечно прозборува. „Ти благодарам, Роџер.“ „Ти благодарам“, вели Роџер. Потоа ја носи дома и таа лежи на нејзиниот кревет, измачена душа, и плаче до утрото, додека Роџер се враќа дома, отвора чипс, го вклучува телевизорот и веднаш станува заинтересиран за снимка од тениски натпревар помеѓу двајца Чехословачки спортисти за кои нема слушнато. Мал глас во неговиот ум му кажува дека нешто големо се случувало во автомобилот, но тој е сигурен дека никогаш нема да сфати што, па најдобро е да не размислува за тоа. Следниот ден Елајн ѝ се јавува на најдобрата пријателка, или можеби на две, и разговараат за оваа ситуација цели шест часа. Во детали ќе анализираат сè што кажала таа и сè што кажал тој, повторувајќи одново и одново, истражувајќи го секој збор, израз и гестикулација барајќи значење. Ќе продолжат да ја дискутираат оваа тема со недели, можеби и месеци, без да дојдат до некаков заклучок, но воопшто нема да им здодее.

Во меѓувреме додека Роџер игра рекетбол со негов и пријател на Елајн, тој паузира за секунда и вели: „Норм, дали Елајн некогаш имала коњ?“

И тоа е разликата помеѓу мажите и жените.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава 5 старомодни навики за љубовен состанок кои треба да се вратат во употреба
Следна објава Александар Пандов ги обвинува ДУИ дека "здрвиле" 19 милиони евра од пензионерите
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 649
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 551
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 601
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 707
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 688
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 663
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 662
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 598
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 697
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

596
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1802
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот
Маж на денот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ное 21st, 201819
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201919
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.