Од страна на фејсбук профилот Здружение Лозари ги објавија цените по кои винаријата Тиквеш го врши овогодинешниот откуп на грозјето од овогодинешната реколта.

Во свој коментар од ова здружение на ироничен начин велат:
Еве ги реалните цени на Тиквеш. Сметаме дека се преголеми и ние лозарите бараме уште малку да ги намали за да не му се случи финансиски колапс.
Незадоволството од откупните цени на овогодинешниот лозов род кулминира за што сопствениците на лозови насади најавуваат штрајкови и превземање на порадикални мерки.
СТОП ЗА ЦЕНОВНАТА ТИРАНИЈА, ЛОЗАРИЕ ДА СЕ ПОДГОТВАТ ЗА ПОРАДИКАЛНИ МЕРКИ
-стои во една од објавите на фејсбук.
ЛОЗАРИТЕ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ГО ТРПАТ ЗУЛУМОТ НА ВИНАРИИТЕ, НАРЕДНИТЕ ДВА ДЕНА ПЕТИЦИЈА А ОД ВТОРНИК КОНКРЕТНИ МЕРКИ
-стои во друга.
Притоа лозарите прогласуваат “Лозарска криза” и формирање на т.н. Кризен штаб во кој свое учество најавуваат претставници на повеќе здруженија и сопственици на лозови насади. Воедно е покрената петиција под мотото “ДОСТА Е, ЗА СПАС НА ЛОЗАРСТВОТО, ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ”


