Во текот на денешниот ден Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев и со Потпретседателот Владо Мисајловски остварија работна средба со Претседателите на политичките партии кои се дел од коалицијата “За Подобра Македонија”.
Во врска со средбата Христијан Мицкоски до јавноста го упати сл. соопштение:
Денеска заедно со генералниот секретар на партијата Igor Janushev и потпретседателот Vlado Misajlovski остваривме средба со претседателите на партиите од Коалицијата „За подобра Македонија“.
На средбата беше разгледана моменталната општествено – политичка ситуација во државата, зголемениот криминал и корупција, како и загубената надеж на граѓаните во правната држава.
Последните случувања со случајот „Рекет“ и милионското изнудување на пари од бизнисмени, ги оценивме како поразителни за правниот систем. Таквата криминална операција која траела со месеци е оценето дека не е можна без знаење на највисоките претставници на власта.
Недејствувањето на ЈО и другите институции, што се огледува преку развлекување на истрагата, ја загрозува нашата европска иднина, и истото е поразително за државата. Недозволиво е поради криминогеноста на власта да страдаат граѓаните и државата.
Истакнав дека Македонија се соочува со целосна стагнација на сите полиња. Особено во економска сфера. Граѓаните се сѐ посиромашни. Земјоделците понижени, лекарите незадоволни, образовните работници немотивирани.
Заклучивме е дека се потребни што е можно побрзи предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на агонијата во која е западната државата. За веднаш по изборите да се пристапи кон систематско решавање на проблемите на граѓаните во насока на обнова на Македонија.