Ракометниот клуб “Торо спорт“ збогатен со сребрен пехар од Меѓународниот турнир во Бургас- Р Бугарија каде единствено беше поразен од екипата на Локомотив во која настапуваат три играчи кои се во селекцијата на Р.Бугарија (вицешампиони до 16 години и шампиони во купот на Бугарија).
Ракометарот Климент Ефтимов е избран за најдобар стрелец и играч на турнирот со дадени 51 гол на четири натпревари. После овој успешен пласман, нашите ракометари веќе ги очекуваат напорни и посветени подготовки за уште еден турнир во интернационални рамки, кој ќе се оддржи во Смедерево во август оваа година.