Граѓанската иницијатива за формирање на политичката партија Родина во јавноста ја претстави својата визија низ генерални програмски определби за развојот и заштитата на семејството како основна клетка на Македонското општество која треба да ги придвижува општествените процеси.
Во продолжение интегрално ја пренесуваме објавата на Родина:
Програмска целина – Развој и заштита на семејството – Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео) За Јавна Консултација!
-Стратешка Визија за Развој и Заштита на Семејството
Родина посебен акцент ќе стави на заштитата на традиционалното македонско семејство од аспект на социјалната сигурност, економска независност и заштита од манипулативните програми на западните институти за растурање на семејството.
-Заштита на детето
Забрана за секаква идеолошка и друга индоктринација на деца од страна на политички и невладини организации со принципи спротивни на македонските традиционални вредности, ЛГТБ заедницата и други туѓи влијанија.
Слободен развој на детето во универзалните и традиционални вредности.
Заштита на детето од содржини кои веќе се дел од македонскиот медиумски простор а кои ја имаат истата улога на идеолошка и друга индоктринација.
Воспоставување на социјални програми за развивање на социјалната компонента кај нашите деца, кои се се повеќе отуѓени едно од друго со прекумерно користење на електронските средства.
Организирање на настава во една смена на целата територија на државата за подобро планирање и реализација на слободните и социјални активности.
Создавање на дом и сопствен кров над глава за секого
Државен проект “Ефтин дом”. Поефтинување на м2 со употреба на еколошки материјали, енергетски ефикасен дом изграден во приградски и рурални средини за здрав развој на детето и семејството. Субвенционирање, кредити со 1% камата, комплетна инфраструктура.
Депопулација на урбаните средини. Пренаселеноста и урбаниот хаос во градовите донесе лош квалитет на живот и се помалку простор за нормален развој. Системот на ефтин дом надвор од градовите во добро урбанизирани средини ќе создаде амбиент за миграција град-приградски населби, село.
Организирање на економски издржани целини во руралните, селски средини каде младите семејства ќе можат да најдат егзистенција. Поволности за инвестирање во рурални средини. (Опфатено во економските програмски цели)
Родители и нивните социјални права:
Заштита на мајката, жената на работното место при бременост и породилно отсуство. Заштита од губење на работното место и деградација на истото.
Породилно отсуство од 12 месеци, 40 часовна работна недела, дополнителни слободни денови до 5 година од раст на детето.
Во делот на работничките права, 40 часовна работна недела и задолжителен секој втор викенд слободен за професии кои имаат постојан ангажман.
Недела неработен ден, освен за работење на неопходните сервиси, полициска зашита, пожарна заштита и др.
Спроведување
Програмата Заштита и развој на семејството ќе се спроведува централизирано од владата и министерствата под надзор на Претседателот на Републиката и со општествен надзор на работата на министерствата преку народни општествени совети од граѓани избрани од народот.
Програмата Заштита и развој на семејството ќе се исполнува со паралелно применување на останатите основни цели
Социјална, пензиска и здравствена заштита за секого, ниеден Македонец и семејство нема да бидат оставени сами на себе (види програмски дел Родина – Социјална поткрепа)
Економската политика која ќе обезбедува целосна продуктивна вработеност користејќи го целиот домашен и иселенички Македонски работен и креативен потенцијал (види програмски дел Родина – Економски Насоки и Цели)
Граѓаните можат сите сопствени предлози за Програмската Целина – Економски насоки и цели да ги остават во коментари на веб сајтот на Родина како и на емаил адреса contact@rodina.org.mk или активно да се вклучат во работните тела во Родина.
Браќа и Сестри, нека се чуе Македонскиот глас и волја! Создавај ја и спроведувај ја Државната, Економската, Политичката, Националната, Социјалната Обнова на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години!
-стои во соопштението до јавноста од Родина.