Откажувањето на цигарите ви изгледа стресно, но возможно е. Се верува дека откажувањето од потешки дроги е полесно од него откажувањето на цигарите кое може да биде далеку покомплицирано. Цигарите штетат не само на пушачот туку и на околината, а пушачите во голем број се и свесни за тоа. Можеби овие совети ќе ви помогнат барем малку.
1. Психичка подготовка за битката
Најтешка пред се е одлуката за откажување од цигарите. Направете си листа со работи кои ве мотивираат да ја потиснете рутината со цигарата во уста, и погледнете ја кога и да почуствувате слабост.
2. Одберете датум
Одберете конкретен датум за откажување од цигарите. Денот забележете го во вашиот календар и како што наближува набљудувајте ги вашите навики за пушење и обидете се да ги намалите. Обично пушачите палат цигара во посебен период од денот, пред јадење или после јадење, наутро со кафе или пред спиење… најбитно е да сте свесни што најмногу ви ја предизвикува желбата за цигара.
3. Ослободете се од приборот по дома
Штом ќе дојде денот за кој сте одлучиле да се откажете , сите пепељари и запалки ќе ви станат непотребни. Многу е важно да ги одстраните овие предмети од домот, што ве потсетуваат на цигарите. Овој начин е многу важен во менталната борба против цигарите.
4. Зачинете го новиот начин на живот
Од големо значење за откажувањето од цигари се природните зачини како : чили пиперот, ѓумбир и екстракт од овес. Овие зачини помагаат во детоксикацијата од никотин и го забрзуваат метаболизмот.