Соопштение од Обединетата Македонска Дијаспора:
11-ти Август, по повикот на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), се одржа помен и едноминутен молк за жртвите од бруталноста на грчката држава од поделбата на историска Македонија во 1912-1913. Поменот се одржа на неколку локации во светот, како Мелбурн, Лондон, Хјустон, Вашингтон, Торонто и Скопје. Во скромен број, учесниците придружувани од полиција, запалија свеќи пред секое грчко дипломатско конзуларно претставништво и амбасада.
Во Скопје 90 полицајци ја обиколија амбасадата, ги блокираа пристапните улици до истата и не им дозволија на учесниците да запалат свеќи и да сликаат, со објаснување дека доколку сликите осамнат на социјалните мрежи, казната е 5000 евра.
ОМД најави традиционално одржување на настанот на годишно ниво.