Метју Меконахи во не честа и неверојатна промоција на својот нов филм „The Beach Bum“ маскиран им приоѓал на случајни минувачи и им нудел производи во кој има канабис. Во филмот тој го глуми Мундог кој помеѓу другите нешта е и ентузијаст за марихуана.
Од тука и му дошла идејата на Кимел да го прати Меконахи „маскиран“ во својот карактер и да им нуди на случајни минувачи храна со канабис за да ги види нивните реакции.
Храната, секако, била сосема обична. Но, погледнте ги реакциите на луѓето.