Професорката Гордана Сиљановска вечерва имаше работна средба со поголема група на млади луѓе со кои дискутираше за актуелните политички прашања и генерално за состојбата на младиот човек во Македонското општество.
Честопати слушате дека јас за себе велам дека сум како професор и како личност сократовка. Сократ бил обвинет дека ги бунтува младите и еве јас признавам дека ги бунтувам младите кога предавам. Им велам дека треба да критични кон сите па и кон професорите, да не веруваат во апсолутни вистини, да не веруваат во авторитети, да критикуваат. Бидејќи без критичко мислење не може да има реформи,
-истакна вечерва кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова по што продолжи:
Затоа сум овде меѓу нив, да ја чујам критиката за досегашната кампања, за она што се случува, за да ги чујам забелешките за да знам кој пат да фатам во вториот изборен круг. Се надевам дека ова не се круговите на пеколот на Данте Алигиери.
Мислам дека се обидував никогаш да не ги заборавам во она што го правам, не мислам дека е најголем предизвик за мене да имам функција наречена претседателка на државата туку напротив навистина да укажам на потребата од препознавање на вистинскиот демократски живот во Македонија за оние најпотентните политички, умствено, критички да останат во Македонија или да се вратат, или да ги задржиме во контакт зошто без нови луѓе во политиката, без радикални промени во лидерите во партиите внатре, без внатрепартиска демократија која ја нема ако се анулираат критички настроените луѓе, оти јас сум видела во сите партии извонредни умови, критички умови, реформатори ама некако нив ги немаше на клучните функции.
Ако не дојде до промена мислам дека нема да дојде ни до промена во Македонија.
Затоа се обидувам како нивна професорка која вели дека вреди да се биде бунтовник со причина или без причина, да се биде млад, а кога сум со нив јас сум млада во мислата се разбира да ги поттикнам на критика, да ги поттикнам на активност, зошто мислам дека тогаш вреди да се зборува за младите како за идни лидери, како на идни дипломати, како на идни креатори на политиката, пратеници, премиери, членови на државната и јавната администрација заради знаењето и умот.
А, не заради партиската блискост,
-истакна таа.