Почитувани,
Вториот ребаланс на буџетот е одлика на недомаќинското работење на власта. Власта крати средства за здравството и образованието, кои покрај економијата, се најпогодени од коронакризата додека нема намалување кај непродуктивните трошоци. Нема пари за образованието и здравството, но има за мебел и за останати луксузи.
Власта наместо мерки за решавање на проблемите со образованието и далечинското учење исто како со првиот ребаланс што скрати речиси 700 милиони денари, така и овојпат крати речиси 628 милиони денари. Ги крати скоро сите 405 милиони денари за справување со КОВИД-19 додадени со првиот ребаланс на буџетот. За жал ги крати и половината средства за развој на дигитални содржини и онлајн курсеви.
Власта крати:
208 милиони денари од основното образование
Сите средства за инклузивно образование.
103 милиони денари од средното образование
Скоро сите средства за Регионални центри за стручно образование и обука.
225 милиони денари од високото образование
73 милиони денари помалку за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
12 милиони денари помалку за Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола
11 милиони денари помалку за Универзитетот за информатички технологии ,,Св. Апостол Павле” во Охрид
40 милиони денари помалку за Универзитетот во Тетово
11 милиони денари помалку за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип
56 милиони денари помалку за Универзитетот „Мајка Тереза“
Ги нема средствата за изградба на Факултетот за информатички науки и компјутерско
инженерство (ФИНКИ) и Факултет за физичка култура.
100 милион денари помалку за Инвестиции во образованието
22 милиони денари помалку за изградба на основни училишта
6 милиони денари помалку за реконструкција на основни училишта
9 милиони денари помалку за изградба и реконструкција на средни училишта
50 милиони денари помалку за изградба на училишни спортски сали во основните училишта
10 милиони денари скоро сите за изградба на средни училишта
6 милиони денари помалку за изградба на училишни спортски сали во средните училишта
12 милиони денари помалку за реконструкција на ученички домови
46 милиони денари помалку за изградба и реконструкција на студентски домови
Нема средства за најдобри основни и средни училишта.
12 милиони денари помалку за наука
11 милиони денари помалку за Научни институти.
11 милиони денари помалку за Бирото за развој на образованието
3 милиони денари помалку за развој и подготовка на наставни програми
1 милион денари помалку за развој и подготовка за наставни програми за средно стручно и постсредно образование.
Дали ова е вистинската грижа за здравјето на наставниците и учениците?
Зошто во време на предизвици со онлајн настава не се преземаат никакви мерки за
решавање на проблемите со далечинското учење?
Ако Власта лаже, тогаш извештајот на Европската Комисија не лаже. Според него државата е умерено подготвена во образованието, а образовниот систем е ранлив на политичкото влијание и корупција.
Ништо од европски принципи за европско образование!


