Во духот на добро познатиот слоган “За Нас” на Скопско пиво, деновиве во Берово завршија активностите за иградба на летниковец кој е донација за беровчани од „Пивара Скопје”.
Летниковецот кој е поставен во градскиот парк во Берово, во близина на поранешна Стопанска банка претставува ново место за дружење и рекреација коешто има за цел да го врати и негува маалскиот живот.
Покрај клупите за седење во центарот на самиот летниковец е поставена и маса со изгравирани друштвени игри шах и табла, со што дополнително се допринесува за рекреативни активности за жителите од Берово.
Донацијата е дел од кампањата на Скопска пивара за потсетување на пријателства, маалски анегдоти и приказни преку која Берово е една од општините каде на различни локации се поставени 15 летниковци.

