Цветан Трипуновски со својата интензивна теренска активност поомеѓу земјоделците во сите места каде е присутно земјоделието со секојдневните свои проблеми, доцна попладнево беше присутен помеѓу земјоделците од селото Црнилиште во Свети Николе.
Од тука земјоделците му се пожалија на заменик министерот во Техничката влада за својот најголем проблем кој што го имаат со актуелните власти а тоа е водоснабдувањето на нивните обработливи површини од каде вада парче леб за себе и за своите семејства.
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата упатена до јавноста од дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски:
“Денешниов ден го завршив со посета на селото Црнилиште во Свети Николе.
Најголемиот проблем во Црнилиште, како и во целото овчеполие, е наводнувањето. Во целата 2019 година водата за наводнување била достапна само неколку дена, што резултираше со намалено производство. Исто така земјоделците се пожалија дека нема ништо од ветените високи загарантирани откупни цени на земјоделските производи. Од присутните се пожалија дека во изминативе две години им се одбиени апликациите за млад земјоделец, што доведува до разочарување кај младите луѓе и тие млади луѓе се принудени среќата да си ја бараат некаде во Европа наместо да останат во Македонија.
Од 12 април ќе работиме исклучиво на подобрување на условите и ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец!”


