Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот јавен настап на една национална телевизија неодамна го афирмираше ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека трошење на 8.5 милиони евра во услови на пандемија и економска рецесија на Македонија за теренски попис е неодговорен однос на власта кон парите на граѓаните депонирани во Буџетот на владата предводена од Зоран Заев. Особено ваквата теза е уште повеќе издржана по најавите дека Државниот завод за статистика ќе ги користи електронските бази на податоци на различни институции за дефинирање на резултатите од пописот. Не е јасно во такви услови на комбинирано електронско-теренски попис што всушност ќе попишуваат теренските попишувачи кога сите неопходни информации за еден попис ги има во електронските бази на институциите.
Овие 8.6 милиони евра предвидени за трошење за цели на теренското попишување во вакви околности се целосно непотребни кога државата може да спроведе само електронски попис.
“Ќе заштедиме 8.5 милиони евра, ако пописот биде електронски! Власта тврди дека би сакала консензус за пописот, како статистичка операција, па еве им прилика.”
-соопшти Мицкоски образлагајки ги причините и аргументите за ваквиот партиски став.