Врнежи од снег на планинските премини Стража, Маврово и на Попова Шапка, има уште од вчера вечерта, известија од Диспечерскиот центар на „Македонија пат“. Поради врнежите од снег и засилен северен ветер, сообраќајот на патните правци Маврово-Дебар и Маврово-Стража е отежнат.
Се воведуваат забрани за тешки товарни возила на патните правци Крак-Маврово-Дебар и Крак-Стража. Возете внимателно.



