До нашата редакција пристигна Соопшение на Македонците во светот во врска со резултатите од спроведениот попис во 2021 година.
Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на истото:
“По повод објавувањето на резултатите од Пописот 2021 од страна на Државниот завод за статистика, Македонците во светот, со голема огорченост и незадоволство ги отфрлуваат и негираат истите.
Предвидувањата на ваквите очекувани резултати беа истакнати и анализирани во текот и на самата кампања, каде владините деструктивни елементи, потпомогнати со најголемата паламентарната опозиција, реализираа процес на етнички наместен инжинеринг наместо статистичка операција со име Попис.
Како главни причини за непризнавање на Пописот се наведуваат:
- Непопишани 132 000 граѓани и бришење на македонскиот народ и негово претопување во етничка заедница;
- Неусогласеноста на методологијата со пописните стандарди на Евростат и ООН;
- Масовното бојкотирање на Македонците во светот и недоверба во системот;
- Попишување на нерезидентно население повеќе од 12 месеци;
- Употребата на странски софтвер без доволна транспарентност на податоците;.
- Немањето на никаква надворешна и експертска контрола врз пописот и верификација на внесените информации;
- Попишување со матични броеви на починати лица;
- Недовербата и нетранспарентноста на организаторот, како и собраните сто илјадипотписи на опозицијата за одложување на пописот;
Поради сите овие наведени факти и аргументи, пописот како и северната дивотворба се
сметат за невалидни и непризнаени од Македонците во светот;
Женева, Лондон, Њујорк, Вашингтон, Мелбурн, Перт, Торонто, 31 март , 2021 година,
Здруженија:
Координативно Тело на Македонците во Европа
Совет на Македонски општини во Австралија
Светски Македонски Конгрес
Други организации”