На 2-ри Август, од 22 часот, во Античкиот театар, ве очекува настан кој ја носи титулата „спектакл на летото”. Неверојатен амбиент ,поглед и локација , чија заслуга ќе ја понесат JuanAtkins и Македонската филхармонија предводена од маестро Џијан Емин, за почеток, а за крај на забавата, Jeff Mills и неговиот ДЏ сет на плажата Парк, во магичниот Охрид.
„Претстојниот настан кој ќе ја однесе публиката до позитивно лудило и возбуда каква не доживеале, е навистина предизвик. Целата енергија ќе биде преточена од сцената па сè до последниот ред на аудиториумот. IzletMusic, MusicIncubator, Balance, Sektor 909 поддржани од музичката платформа NEULAND се вистинско освежување за клупската и алтернативна сцена во Македонија. Како дел од овој тим, можам да кажам дека сонот кој го имам за револуционерен, прогресивен звук и убаво чувство кај сите љубители на квалитетниот ноќен живот, полека но сигурно се реализира. Имам добро претчувство за 2-ри август и едвај чекаме да видиме бројни насмеани, расположени и раздвижени лица”,
-изјавија организаторите.