• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

СПОМЕНИ НА ДАМЈАН ГРУЕВ: ФЕЉТОН ВО 6 ДЕЛА- ДЕЛ ЧЕТВРТТИ: ПРОСВЕТНА АГИТАЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА

октомври 5th, 2019 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 1838

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
СПОМЕНИ НА ДАМЈАН ГРУЕВ: ФЕЉТОН ВО 6 ДЕЛА- ДЕЛ ЧЕТВРТТИ: ПРОСВЕТНА АГИТАЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Гоце Делчев и Дели Иванов во Штип. – Просветна агитација. – Груев во Софија и во Солун. – Неговата средба со егзархот. – Интернирањето на Груев во Битола и неговата активност како раководител на битолскиот револуц. округ. – Првата чета. – Неговото апсење во Битола – По две години затвор Груев оди на заточение во Подрум.

Тогаш во Штип дојдоа Гоце Делчев и Дели Иванов. Во делото веќе имавме посветено неколкумина од еснафите. По Божиќ се посветија во делото и други луѓе. Делчев веднаш ми остави силен впечаток со својата отвореност и чесност. При првите обиди да приклучува нови луѓе, тој беше дури и претерано отворен, па мораше да го контролираме, за да не ја искаже нашата слабост, слабоста на Организацијата. Тој постојано се стремеше да ја каже сета вистина, бидејќи сметаше оти секој треба да ја прифати идејата исто онака како што и тој ја прифатил. Беше многу пргав. Тој го прифати планот и се друго онака како што ги имаше затечено. Во Солун беа останале споменатите лица, што го претставуваа Централниот комитет. Поп Арсов можеби беше секретар, д-р Хр.Татарчев – претседател. Ретко се допишувавме. Во текот на велигденскиот распуст, Делчев и Дели Иванов заминаа за Кукуш, со задача да наминат во Солун, каде ги препорачав, за да проверат каква е активноста на другите. Се вратија сосем разочарани, таму работата беше подзаспана. На враќање Делчев се одбива патем во Гевгелија и во Дојран, каде го поставува почетокот на Организацијата. Се врати во Штип. Со тоа помина таа година.

Во Штип организиравме собранија на посветените во делото, што беа означувани со бројки и никакви имиња не се запишуваа. Бевме почнале со лажна бројка,- најмалу од №80, за да мисли секој дека задоцнел. Беа поделени на групи; ги собираа десетари, така што тие да не се знаат едни со други. На овие собранија се правеа разговори, охрабрувања, се даваа брошури и весници за читање, се упатуваа како да ги извршуваат своите должности. Отворивме празнично училиште, во кое се оддржуваа предавања со чисто револуционерна тенденција, како на пр.: „обединувањето на Италија“, „американското востание“, биографии на револуционери како Гарибалди, Мацини и слично, „обединувањето на двете Бугарии“, и др. Имаше голем прилив на слушатели. Следната година поставувавме на штипската сцена театарски претстави: „Иванко“, и слични револуционерни пиеси. Во сето тоа земавме учество јас, Делчев, Дели Иванов, Ѓурков (учител); држевме предавања. Отворивме огранок и во Радовиш (таму беше учителот Станков, сега во администрац. на в. „Вечерна пошта“) и во Виница (таму беше учител Алексо Чакаров, што сега го издава в. „Автономија“.

Во време на распустот заминав за Софија, да испитам како се води работата со четите, што беа почнале да преминуваат преку границата, – се подготвуваше востанието во 1895 година. Дотогаш ние внатре немавме никакви врски со надворешната организација во Кнежевството.

Се најдов со Туфекчиев, Љапчев и со Китанчев. Јас им раскажав за нашата организација внатре, што имаме и што сме сториле. Китанчев беше веќе болен, па не можевме да прикажуваме за востанието. Ова последново многу ни пречеше на планот. Веднаш разбрав со какви средства започнале, па не очекував никакви особени резултати. Преку Пловдив -Едрене – Дедеагач заминав за Солун. Зборував и со Китанчев, како да си помагаме во иднина. Нашите барања тогаш главно беа ограничени на тоа да ни се дава морална помош, и да ни го олеснат набавувањето со револуционерна публицистика.

За нас претставуваше утешен факт тоа што и емиграцијата во Кнежевството беше почнала да работи во истиот дух, во кој работевме и ние, и дека се пристапува кон дело.

Идната година останав во Солун, како инспектор на народните селски училишта, со цел да останам во Солун, за да живне работата на Централниот комитет. Се зафатив и се зазедов за тоа и организиравме комитети во сите градови. Во текот на секој распуст, божиќен, велигденски, обиколував низ градовите, и во нив посветував луѓе во делото. Тогаш Централниот комитет почна да функционира поредовно, тогаш тој се здоби со суштинско значење на „централен“. Додека бев во Штип водев преписка направо со Битола. Се служевме со хемиско мастило, со псевдоними. Комитетот веќе почна редовно да дејствува како централен. Мрежата на месните комитети се зголемуваше. Почнавме и да повикуваме доверливи лица и од некои подалечни места, за да ги посветиме во делото. Тогаш почнавме да издаваме и хектографиран весник, што се испраќаше по сите околии. Имаше веќе и „канали“. Тоа беше во текот на 1895/96 год.; во 1896/7. Пак станав инспектор. Продолжувавме со активноста. Ѓорче Петров беше учител во Солун. Него го испративме во Софија, за претставник, всушност со значење на агент, што да ни олеснува со порачки и др.

Следната уч. година 1897/8 останав без служба. По пријава од општинскиот претседател Егзархијата ме повика на сослушување, божем поради безбожност. Јасно му реков на егзархот дека нема зошто да страхува за мојата безбожност, туку поскоро за Организацијата, за која му раскажав сe. Егзархот се држеше наклонето, не ме советуваше да се откажеме, но тогаш искажа само стравување, со избрзани акции да не предизвикаме австриска окупација на Македонија. Ние непријателски се однесуваме спрема српската пропаганда; егзархот бездруго бил убеден дека нашата активност не е без полза, бидејќи воопшто не најде ништо друго да ми забележи, освен споменатиот страв од австриската окупација. Се разделивме со добро со арно. Почетокот на „Братството“ во Солун се совпаѓа со последниот период на мојот престој со служба во Солун и со моето отпуштање. Од Солун по една година ме интернираа во Битола.

19 јануари


Поминав интерниран во Битола околу година и половина. Со помош од ѓаконот Тома (родум од Кичевско, свештеник во Битола), од Ѓорги Пашков, Аце Дорев и некои од учителите – поставивме посолидна основа на Организацијата. Имаше веќе основано месен комитет, но и тука беа подзаспале. Ги активиравме и комитетите од околиите. Се организираа и по селата. Следната година (1900) бев назначен за учител во гимназијата во Битола. Дојдоа уште двајца другари – Пасков и Герџиков. Истата зима дојде и Славејко Арсов. Герџиков и Пасков се грижеа за издавањето на хектографираниот весник. Помагаа и за неделното училиште. Се вршеше купување на материјали. Обиколував низ околијата, одев во Прилеп, Охрид, Лерин. Одев дури и додека бев интерниран. Обиколките ги вршев за нашата администрација. Јас бев сметан за раководител на битолскиот округ. Во Солун како претседател се сметаше д-р Хр. Татарчев со Пере Тошев и Хр. Матов. Последниов, кога беше во Скопје, иако беше сметан за член на Организацијата, под влијание на митрополијата повеќе покажуваше наклонетост да ја насочува активноста на Организацијата против српската пропаганда, со која беше повеќе во допир. Откако дојде во Солун, Матов порешително ги прифати чисто револуционерните цели.

Бевме веќе оформиле една чета, првата чета во Костурско. Делчев преку сето време беше одовде Вардар.

Заврши учебната година, и на 6 август 1900 бев уапсен. Повод беше убиството на поп Ставрета. Човекот што отиде да му побара пари од поп Ставре, беше доведен како комита, и беше сместен да живее кај братучед ми. Јас, како и сите затворници, бев во државниот затвор. Останав затворен две години, по кое во мај 1902 бев заточен во Подрум. Во битолскиот затвор имав право на разговор со посетители, и бев во тек со сe што се правеше. Имав можност и да се допишувам – со шифри. Се наоѓав во голема одаја, заедно со 40-50 мина секакви затворници. Јас и од затворот раководев со битолскиот округ. Делчев дојде привремено во Битола. Оттогаш беше задолжен и Лозанчев да зема учество во раководењето. Лозанчев беше фотограф. Пред да дојдам во Битола од Солун, Лозанчев веќе учествуваше во работата на Комитетот. Тој трошка се беше повлекол, бидејќи активноста не врвела сосем добро, па го обзело малодушност. Сега, кога бев во затворот, тој одново се зафати со раководењето со работиве. Тоа беше, како што ми се чини, втората година. Делчев замина за Костурско. Во затворот беше и Мицко, родум од с. Латово, Кичевско. Тој бил осуден како востаник од 1881г, и дотогаш беше одлежал цели 19 години во затвор. Често се среќававме. Мицко бил србоман. Јас се обидов да повлијаам врз него, и тој, откако го пуштија од затвор, дури и ни вети да стапи во нашите чети, туку не го стори тоа, очигледно под влијание на српскиот конзул или на српските учители.

Во мај месец ме испратија во Подрум. Таму ги затеков доктор Татарчев и Хр. Матов, и заедно не држеа таму. И додека бев во Подрум, знаев како врват работите. Служејќи си со хемиско мастило водев кореспонденција со Солун, Битола, Софија. Писмата за навидум беа пишувани на турски. Протерав добро во затворот, – како во Битола, така и во Подрум.

Продолжува…

https://bregalnicki.mk/spomeni-na-dam-an-gruev-fe-ton-vo-6-dela-del-treti-formira-e-na-mesni-cheti-niz-makedoni-a/
https://bregalnicki.mk/spomeni-na-dam-an-gruev-fe-ton-vo-6-dela-del-vtor-avtobiografski-podatoci/
https://bregalnicki.mk/spomeni-na-dam-an-gruev-fe-ton-vo-6-dela-del-prvi-predgovor/

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Реформите во образованието се прават без сериозни консултации со стручната јавност, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани
Следна објава Орце Ѓорѓиевски: Во Агенцијата за национална безбедност се ангажираат кадри кои се класичен пример за непотизам и судир на интереси
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 386
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 642
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 773
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 419
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 406
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 669
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 433
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 734
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 406
Жена на денот
Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

884
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2007
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 2022 1054
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 201920
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Димитар Апасиев - " СДСМ полека прераснува во тиранија"
Македонија

Димитар Апасиев - " СДСМ полека прераснува во тиранија"

Авг 4th, 201817
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.