• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

СПОМЕНИ НА ДАМЈАН ГРУЕВ: ФЕЉТОН ВО 6 ДЕЛА- ДЕЛ ШЕСТИ: Еден разговор со Даме Груев

октомври 10th, 2019 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 1798

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
СПОМЕНИ НА ДАМЈАН ГРУЕВ: ФЕЉТОН ВО 6 ДЕЛА- ДЕЛ ШЕСТИ: Еден разговор со Даме Груев

Пред извесно време дописникот на „Новое времја“ разговарал со познатиот револуционерен деец Даме Груев за развојот на македонското прашање во текот на 1904 година. Откако зборува за слабите резултати на Мирцегшките реформи и нивната неискрена примена од страна на Турција, г. Груев говори за антагонизмите на разните националисти во Македонија, подобро кажано за таканаречената „војна“ на Внатрешната организација против Грците и Србите. Ние ќе го објавиме само тој дел од долгата кореспонденција, која доаѓа токму на време, дотолку повеќе што за Даме Груев се мисли дека е еден од најтолерантните дејци, а кон Србите дури има некои симпатии.

На прашањето на г. Кирилов, дописник на „Новое времја“ – зошто до востанието не се забележувало дека антагонизмот помеѓу Грцте, Србите и Бугарите во Македонија е толку изострен и како да се објасни тој факт? – Груев одговорил:

-Грците секогаш биле најголемите непријатели на македонските Словени; до Востанието тие својата национална пропаганда ја ограничуваат на определени реони; немаше преминување на села од Патријаршијата кон Егзархијата и обратно. Немаше повод за раздразнување на национално чувство, Бугарите и Србите како да се беа приспособиле кон постоечкото status-quo. Освен тоа во тоа време националните интереси силно се маскираа од очекуваното од сите (Бугари и Срби) претстојно востание.

Во време на востанието Србите имаа инструкција од Белград кон востаниците да имаат добронамерен неутралитет. Ние со тоа бевме задоволни. Но по востанието положбата се промени. Ефектот што го постигна Востанието, потоа сеништето на блиската македонска автономија ги исплаши Србите од Кралството; тие сакаа тоа да се случи колку што е можно подоцна, и во исто време побрзаа со својата пропаганда, во многу проширувајќи го нејзиниот реон, и тоа со поприлично неморални и предизвикувачки средства. На пример, помош во брашно се даваше само на оние настрадани од времето на Востанието што се согласуваа да се прогласат за Срби и патријаршисти. Урнување на status-quo од Србите предизвика негодување кај Бугарите, до толку што по Востанието националистичките интереси повторно станаа доминантни во умот на населението. Бугарите енергично реагираа против српската пропаганда.

Многу селани србомани, кога ќе чуеја за доближувањето на бугарската чета, од страв (често без причини) и од чувството на самозапазување ја известуваа турската власт за четата: потоа од страна на месните органи на Организацијата доаѓа до одмазда. Последниве откако видоа дека српската националистичка пропаганда води кон меѓусебно непријателство и раскол во народот, му го одвлекува вниманието од политичките цели на Организацијата, предизвикува предавство и репресалии од страна на Турците – под влијание на месното општествено мислење (мнозинството се Бугари) се насочија против српската пропаганда.

На многу места нашите војводи и месни дејци на Организацијата навистина ги застрашуваат Србите и србоманите, со тоа што ги принудуваат да се откажат од својата , национална пропаганда. Тоа е придружено со доста убиства: многу вистински доставувачи и шпиони често и од двете страни гинат сосема невини луѓе. Како што гледатем јас не ги оправдувам нашите, а само ја објаснувам генезата за појавувањето и развојот на меѓусебното непријателство помеѓу Србите и Бугарите, што создаде опасна атмосфера за меѓусебна недоверба и лошо однесување, состојба на меѓусебна омраза и искоренување. Ви зборувам сосема искрено, поводот за создавањето на ваквата ужасна атмосфера го дадоа Србите; Бугарите во Македонија се однесуваат полојално отколку Грците и Србите, тоа можеби затоа што нашите таму се мнозинство и ние под своите нозе чувствуваме солидна морална почва. Бугарската девиза – политичка слобода – делува многу привлечно кај народот.

Јас никојпат нема да си дозволам да обвинувам за подбуцнување и доносничество такви српски државни дејци како што се С. Симиќ, Пашиќ: тие се гнасат од слични долни работи. Но второстепените агенти на српската пропаганда како резултат на својата примитивност и морална неразвиеност не се гнасат од шпионирање. Да го земеме како пример случајот со убиствата во с. Кокошине… Убиствата овде беа извршени од бугарската чета поради доносништво, меѓутоа морален виновник за овој однос (поради што минатото лето турската војска ликвидира една цела бугарска чета) беше српскиот архиерејски заменик во Куманово поп Ташко. После тоа во с. Кокошине дојде српска чета и го закла без секаква вина единствениот Бугарин во тоа село.

-Како се однесуваат српската и бугарската влада кон меѓусебните односи на Срби и Бугари во Македонија?

Крајно деморализаторски. Сепак бугарската влада таму наидува на отпор од Организацијата; се што е таму српско, е создадено и се раководи од Белград од српската влада, која во Македонија има сосема подруги цели од нашите; во тоа се наоѓа трагизмот на положбата во Македонија.

-Многу песимистичко гледиште на српско-бутрските односи во Македонија.

-Јас се уште не сум ви кажал се. Таму сега е многу, многу лошо; атмосферата е крајно противуречна и тревожна … Се уште нашите, како и Србите се чуваат од крајности. Ние со сите сили настојуваме за меѓусебно скротување и смирување на умовите. Но… доколку Србите не ги ограничат своите невозможни амбиции, не прекинат со испраќањето на чети од Кралството, со помошта на кои со насилија, убиства и шпионирање го шират србизмот, тогаш ние тешко ќе можеме да ја спречиме катастрофата. Вие знаете дека е можно општо колење на Србите во Македонија. Во градовите, паланките и големите села бројот на сознателните Бугари е многу поголемо… Ние можеме сосема да ги истребиме Србите, но ниту ние ќе поминеме лесно во тоа безумно и бесмислено вртоломејско убивање. Во секој случај од тоа ќе добијат нашите заеднички непријатели, борбата против кои ја чини нашата цел. Без оглед на тоа, ваквото животинско истребување до крајност го деморализира и развратува народот. Ете затоа јас жарко сакам да не дојде до слична абнормална положба…

-Како може тоа да се постигне?

-Преку спогодба со Србите; тоа е можно и во прв ред зависи од српската влада… Нашите услови се состојат во следново: 1. Наш основен принцип е единствено на Внатрешната организација во Македонија: ние не можеме да дозволиме постоење на друга независна политичка организација таму. Во тој поглед македонските Срби треба да се согласат да работат заедно со нас. Во тој случај ние во Белград ќе отвориме задгранично претставништво на Организацијата за да може таа да контактира со српскиот народ.

Потем, за да не се возбудуваат националните чувства на народот, Србите треба да го ограничат реонот на својата националистичка пропаганда во границите на до Востанието постоечкото status-quo.

-Меѓутоа Србите токму затоа бараат одлагање на автономијата, за да го засилат својот елемент во Македонија.

-Тоа се за нив опасни илузии. Тие во Македонија никогаш нема да добијат повеќе од тоа што веќе го имаат; напротив, во колку продолжат да противдејствуваат побрзо ќе предизвикаат втора вртоломејска катастрофа – тогаш тие апсолутно сe ќе загубат… Јас многу ги почитувам српските државни дејатели и сакам да верувам во нивната политичка мудрост и предвидливост: како нивните, така и нашите непосредни интереси бараат едни на други да си подадеме рака за помирување и да се договориме за заедничка културна и политичка работа таму.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Следна објава El Chapo сака да даде 14 милијарди долари на сиромашните во Мексико, но САД сакаат да ги запленат парите
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 384
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 639
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 771
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 419
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 405
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 668
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 432
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 733
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 405
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

700
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1071
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 2019 2784
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 202229
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Сонцето од Кутлеш со зборот Македонија изгравирани на црковна камбана во 1834 година
Македонска бесмртност

Сонцето од Кутлеш со зборот Македонија изгравирани на црковна камбана во 1834 година

Јул 9th, 202217
Змеј гуштер фатен како свири гитара на лист
Магазин

Змеј гуштер фатен како свири гитара на лист

Јул 4th, 201917
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.