Стево Пендаровски на својот твитер профил денеска цел ден упатува твитови со негово толкување околу случувањата со најголемиот рекетарски скандал кој ја тресе Македонија и меѓународната јавност.
Случајот “Рекет” во формално правна смисла нема никаква врска со ингеренциите што ги има тој како претседател но и покрај тоа тој во над 39 свои последователни објави на твитер зборува за одредени специфики поврзани со истиот, реплицирајки си сам на своите објави.
Во објавите се гледа намерата дека Стево Пендаровски застанува во одбрана на СЈО ширејќи пропаганда за оправданоста на неговото постоење и во иднина.
И тоа го прави и на англиски и на македонски јазик.
Во еден од своите твитови тој напиша:
Не се сите обвинители во СЈО и во редовното обвинителство корумпирани, не се сите судии корумпирани. Најголемиот дел од обвинителите и судиите се доблесни професионалци со интегритет. Во оваа држава имаме доволно чесни и способни луѓе со образ.
Не се сите обвинители во СЈО и во редовното обвинителство корумпирани, не се сите судии корумпирани. Најголемиот дел од обвинителите и судиите се доблесни професионалци со интегритет. Во оваа држава имаме доволно чесни и способни луѓе со образ.
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) August 12, 2019
Во друг тој дообјаснува
СЈО, позиционирано внатре во системот на редовното јавно обвинителство, треба да продолжи да ги истражува криминалите на претходната власт, но, и криминалите на актуелната власт и на било која власт во иднина.
Па зборува за ЕВЕНТУАЛНА одговорност….
Евентуалната индивудуална одговорност на еден обвинител не може да го доведе во прашања огромниот труд на целото обвинителство и доказите изведени во законска процедура.
Евентуалната индивудуална одговорност на еден обвинител не може да го доведе во прашања огромниот труд на целото обвинителство и доказите изведени во законска процедура. #ПресПРСМ #RealTime
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) August 12, 2019
Од вака жестокото постапување со пропагандни сретства јавно се прашуваме кои се мотивите на Стево Пендаровски за неговата ангажираност во одбрана на инволвираното СЈО во овој рекетарски скандал???