Во текот на денешниот ден Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ќе има свое претставување пред жителите на Конче, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и СТРУМИЦА.
Во Конче е закажана средба со граѓани во 14.00 часот, во 15.00 часот ќе биде во Радовиш а помали трибини ќе има со жителите на Василево во 16.30 часот и Босилово во 17.30 часот. Во Ново Село ќе биде во 18.30 часот каде ќе има своја трибина.
За 20.30 часот Стево Пендаровски заедно со Зоран Заев ќе се обратат и ќе ја побараат довербата за Претседател на државата од Струмичани.