• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Стојанче Никодиноски: 127 години непокор. Да живее Организацијата!

октомври 23rd, 2020 Македонска бесмртност коментари 686

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Стојанче Никодиноски: 127 години непокор. Да живее Организацијата!

На 23 октомври 1893 година е одржан првиот состанок на основачите на МРО (подоцна Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – ВМРО) на кој заеднички ја прифатиле и се обврзале да се борат за идејата, дека е потребна подготовка и водење на организирана револуционерна борба за слобода на Македонија и создавање на национална држава на македонскиот народ. Основите на Организацијата со цел обединување на националните сили на македонскиот народ и започнување организирана борба за исполнувањето на вековниот сон – ослободувањето на Македонија. Многу страници од тогаш до денес се испишаа, но уште многу страници останаа неиспишани, зошто таа борба видоизменета се уште трае. Се уште има народи кои му го оспоруваат правото на македонскиот народ на сопствена држава и идентитет, се уште постојат земји кои го попречуваат развојот на македонската држава.

На 23 октомври 1893 година, шестмина млади македонски интелектуалци ги поставија темелите на Македонската Револуционерна Организација. На тој историски ден, по иницијатива на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собраа Д-р Христо Татарчев и учителите Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски Револуционерен Комитет и ги ставаат основите на тоа, што денес е симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Согледувајќи дека во Македонија постојат услови за развивање на засилена револуционерна дејност, шестмината македонски револуционери ги поставуваат следните цели на Организацијата:

1) Таа да биде тајна и револуционерна

2) Нејзината територија да ја сочинува Македонија во географските и етнографските граници

3) Во неа да членуваат лица што се родени и што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност.
Поставувајќи ја политичката цел тие бараат:

а) Автономија на Македонија

б) Да се чува самостојноста на Организацијата

в) Таа да не падне под влијание на политиката на владите на соседните слободни држави.

Шестмината неуморно работеа на остварување на поставените цели. Организацијата растеше и се повеќе се ширеше нејзината мрежа. Понекогаш прекината, таа одново се возобновуваше. Надежните, оние кои беа против Егзархијата и се залагаа за децентрализација на црковно-училишното дело се посветуваа и во својот реон, формираа кружоци од посветени и борбени другари.
Факелот на револуционерното дело го предводеа учителите, а бројот на посветени растеше.
Револуционерниот оган го понесоа не само учителите и нивните ученици, туку сите прогресивни елементи меѓу слободољубивиот македонски народ. Наскоро тие станаа стотици, илјадници следбеници.
Сепак, факелот во рацете на Гоце Делчев стана ѕвезда водилка на македонското револуционерно дело. Иако неговата ѕвезда предвреме згасна, револуционерниот оган кој го запали апостолот на македонското револуционерно движење силно ќе се разгори и ќе го обедини народ во Македонија за време на Илинденското востание во 1903 година.
На 2 август 1903 година, на ден Св. Илија, името на Македонската Револуционерна Организација со златни букви ќе се запише на страниците на македонската историја. Иако Крушевската Република трае само десет дена, разгорениот слободарски жар во срцата на македонскиот народ, никогаш повеќе нема да згасне.
Покажаната храброст и постигнатиот краткотраен успех на слабо вооружениот народ во борбата за слобода со далеку посилната и модерно вооружена османлиска армија, надалеку ќе се слушне. Тоа беше повод македонскиот народ да свати дека само обединети под еден бајрак, без разлика на својата верска или етничка припадност, а предводен од Македонската Револиционерна Организација, како и нивната храброст, може да им ја донесе толку посакуваната слобода.
Но, тој исто свати дека не може да се надева некој друг, некоја туѓа соседна земја дека ќе ги ослободи од ропство. Оттука, по Илинденското востание Македонската Револуционерна Организација станува главна движечка сила на македонскиот непокор. Од своето формирање па се до расцепот во Организацијата во 1908, таа во неколку наврати го менува своето име и носи називи како ТМОРО и ВМОРО.
Сепак, Организацијата секогаш во името ги задржува придавките Македонска и Револуционерна. По расцепот, еден период левицата се именува како МОРО, а во текот на 1910 година, десницата на македонската организација го добива конечното име Внатрешна Македонска Револуционерна Организација или ВМРО.
Последиците од поделбата на Организацијата, имаа тешки последици за македонскиот народ. Тоа доведе до парализирање на Македонската Револуционерна Организација во периодот на Балканските војни во 1912 и 1913 година, што пак ја овозможи поделбата на Македонија и македонскиот народ.
Но, тоа не ги спречи македонските интелектуалци во Русија, Швајцарија и други европски земји да го дигнат својот глас во текот на Првата Светска Војна против поделбата на Македонија. Тие бараат обединување на цела Македонија во една држава и создавање на самостојна и независна македонска држава. Истовремено тие бараат од сите Македонци, без разлика на верата и етничката припадност да заборават на сите поделби и да создадат единствен отпор против поделбата на Македонија која не им припаѓа ниту на Бугарите, ниту на Србите, ниту на Грците, туку само на Македонците.
Повиците за обединување ќе наидат на одзив во татковината. Напорите да се обединат политичките сили од сите делови на Македонија во единствено македонско револуционерно движење резултираат дури во 1924 година кога бил издаден Мајскиот манифест. Во него меѓу другото стои дека:

„ВМРО во својство на вистинска револуционерна сила се бори за ослободување и обединување на раскараните делови на Македонија во една наполно самостојна (независна) политичка единица во нејзините природни етнографски и географски граници. Таа смета дека политичкото постоење на Македонија може да биде гарантирано само од сојузот на самостојно определените балкански народи во форма на една Балканска Федерација, која што единствено ќе може да ги парализира анексионистичките стремежи на постојните балкански држави, да го осигура правилното решавање на сите национални спорови, да го гарантира културниот развиток на сите етнографски малцинства“.
Меѓутоа, токму поради ваквите ставови, набргу по објавувањето, еден од авторите на „Мајскиот Манифест“ и обновувачот на ВМРО, Тодор Александров ќе биде убиен. Сепак неговото убиство не значи и крај на македонската револуционерна борба. Македонските револуционери ги продолжуваат светлите илинденски традиции и идеите на ВМРО преку другите политички партии и разни културни и литературни здруженија.

Македонските студенти кои го организираат Конгресот МАНАПО во 1936 во Охрид, остануваат доследни на македонската револуционерна борба.
Тоа ќе се одрази и на антифашистичкото движење во Македонија за време на Втората Светска Војна. Македонските команданти во своите говори го истакнуваа значењето на Илинденското востание.
Тие зборувајќи пред македонската народноослободителна војска велат дека, сега кога: „македонскиот народ се наоѓа пред решителна борба за извојување на својата национална слобода, споменот на Илинден треба повеќе од секојпат да светли пред очите на целиот македонски народ, пред лицето на сите чесни и слободољубиви Македонци, сите кои ја сакаат својата земја…“
Во текот на Втората Светска Војна, Методија Андонов – Ченто, потоа сведокот на двата Илиндени Панко Брашнаров, како и многу други борци во НОВ, ќе се борат илинденските идеали да станат македонска реалност.
Како што вели Брашнаров: „Македонија ја поделија, ропствата се сменија, но борбата на македонскиот народ не престана“. Поради Илинденските идеали голем број македонски борци, меѓу кои Ченто и Брашнаров, ги загубија своите животи или својот живот го поминаа во затворите. Нивната храброст, ја овозможи нашата слобода.
Денес кога го чествуваме 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, од формирањето на ВМРО, се поклонуваме на делото на шестмината македонски револуционери кои ги поставија темелите на ВМРО, како и на сите потомци и следбеници на Делчев, Груев, Карев, Гули, Александров, Чучков, Брашнаров, Ченто, на сите знајни и незнајни херои кои својот живот го положија пред олтарот на слободата за Македонија.

127 години непокор❗🇲🇰
127 години борба за слобода❗🇲🇰
127 години иста идеја❗🇲🇰

Да живее Организацијата❗🇲🇰
Да живее ВМРО❗🇲🇰
Да живее ВМРО-ДПМНЕ❗🇲🇰
Да живее Република Македонија❗🇲🇰

Нека ни е вечен Денот на Македонската Револуционерна борба❗🔴⚫🇲🇰

Пишува: Стојанче Никодиноски

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Симон Тодоров (15) од Кочани има тумор на крвните садови. Потребна е финансиска помош за да продолжи да му се радува на животот
Следна објава Никола Груевски пишува за помалку познати историски факти околу почетоците на македонската револуционерна борба
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 482
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 820
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 871
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 528
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 519
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 753
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 540
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 947
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 500
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

808
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1527
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Хорор во с.Желино (Тетовско)- Татко го пpoбoдел синот со нoж
Македонија

Хорор во с.Желино (Тетовско)- Татко го пpoбoдел синот со нoж

Јул 1st, 2019 992
Ќулавковa -  “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”
Македонија

Ќулавковa - “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”

Мај 9th, 201930
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Наќе Чулев: Голема благодарност за сите колеги-полицајци кои даваат огромен допринос за превенција на поголема криза
Македонија

Наќе Чулев: Голема благодарност за сите колеги-полицајци кои даваат огромен допринос за превенција на поголема криза

Мар 16th, 202019
Билјана Змејковска: Во чест на четирите свети букви ВМРО
Македонија

Билјана Змејковска: Во чест на четирите свети букви ВМРО

Јун 16th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.