• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Никола Груевски пишува за помалку познати историски факти околу почетоците на македонската револуционерна борба

октомври 23rd, 2020 Македонска бесмртност коментари 592

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Никола Груевски пишува за помалку познати историски факти околу почетоците на македонската револуционерна борба

Македонија има четири датуми кои ги слави како свои национални празници а со тоа и неработни денови, за пет клучни историски мигови во добивањето слобода и создавањето на држава и независност: 23 Октоври 1893 година, 2 август 1903 и 1944 година, 11 Октомври 1941 година и 8 септември 1991 година.

Што е 23 Октомври 1893 година?

Во една сложена и тешка, долго време напластувана политичка, економска, социјална и безбедносна ситуација во периодот 1892-1893 година, во услови на многу неправди, потчинетост и пониженост на христијанското население во Македонија, дејствување на разбијнички банди кои го пљачкосувале населението со подршка на властите и беговите, лихварство на кое биле принудени да се потчинат и од чија мрежа неможеле да излезат, експлоататорски даноци од државата и од чифликсајбиите, што ги принудувале скоро сите семејства барем еден член на семејството да пратат во печалбарството за таму да остане долго години за да може неговото семејство да преживее и да ги плаќа даноците и лихвите, многу слаби државни институции на османлиската империја и неправда на секој чекор, започнува едно политичко зовривање, едно течение, едно движење во солунската егзархиска машка гимназија Св. Кирил и Методиј.(Бугарската егзархија како автохефална црква е создадена во 1870 година и е преименувана во бугарска православна црква во 1950 година).

Македонската средношколска и студентска младина е полна со револт против турската теократија власт, која произволна деспотски власт ги игнорира најелементарните човекови права држејќи ги христијаните во нај понижувачка состојба. Таа младина наоѓа поле за своја револуционерна акција со која им дава смисла на своите револуционерни идеи, поттикнати од револуционерната социјалистичка, анархистичка, и слична литература. Независно што таа литература се однесувала на други општества, мотивот да се внесе револуционерниот бунт во Македонија, на сите тие струи на млади интелектуалци, Македонија им се претставувала како земја која е пример за општа и комплексна неправда и во која не постојат елементарни човекови права а постојат сите неправди спроведени до крајност на нај загрозувачки и нај понижувачки начин. Така во Македонија се изградуваат многу млади национал револуционери, социјал револуционери, анархисти и припадници на други текови.Истовремено бугарската, српската и грчката пропаганда со своите црковно – просветни дејности го делеле народот во Македонија и го загрозувале неговиот национален индивидуалитет.

Пропагандниот натпревар требало да обезбеди повеќе грчки, бугарски и српски национални приврзаници во Македонија со цел во погоден момент при распадот на Османлиската империја кој веќе се чуствувал дека е блиску, требало да послужат како ванатрешни нацинални сојузници и еден вид алиби за нивните територијални претензии во Македонија.

Во тој контекст е и писмото на Митрополитот Теодосиј Гологанов од 22. 06. 1891 година, испратено до проигуменот Дионисиј, во кое пишува: Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат.

По дипломирањето на медицинскиот факултет во мај 1892 година, Христо Татарчев заедно со својот братучед Божидар веќе во јули истата година се враќа во Македонија од Цирих во првите три години од студирањето, а потоа во Берлин каде ги продолжиле и завршиле студиите на универзитетот “Фридрих Вилхем” каде дипломирале на медицина а веќе во септември истата година е поканет да стане лекар во солунската егзарска гимназија. Тој доаѓа во Македонија веќе со едно искуство од Цирих каде веќе го поттикнал формирањето на студентското балканско друштво “Лозари” создадено со цел да биде пропагирана идејата за зближување на балканските народи врз правото на полна политичка слобода и слободен културен и национален развиток. Тој доаѓа и со едно огромно животно искуство во слободни, напредни и европски држави со далеку понапредно владеење на правото, веќе трансформирани во негов копнеж за слободна Македонија во која ќе владеат правдата и законот и во која ќе има ред и напредок. Татарчев имал и сериозни склоности кон филозофијата, кон нејзините фундаментални и вредносни системи и принципи. Блиски му биле делата на Дарвин, Бока, Шлосер и други кои го влечеле кон системите на идеите и кон судовите за нив како нивна проверка низ бурниот и противречен живот на луѓето и на општествата но и тој и сите други од таа млада генерација на интелектуалци се веќе сведоци на ослободувањето на Бугарија и на соединувањето на источна Румелија со кнежеството, што значи сведоци на успесите на некои балкански народи и вознемирени од положбата на оние кои останале во Османлиската империја со ист статус.

Прифаќајки ја поканата за работа во Солун тој се нашол во средиштето на настаните поврзани со Македонија и во политичкиот вриеж во кои главно место има солунската егзархиска гимназија и солунските општинари и првенци. Со Даме Груев се запознал кога тој побарал од него лекарска помош во август 1893 година. Една од работите кои ги поларизирале наставниците и учителите во гимназијата, како и еснафите и граѓаните на солунските општински и градски средини, била егзархиската централистичка политика во училиштето и општините во кои егзархијата и нејзините органи биле тие кои решавале се, од наставни планови и програми, определување и распоредување на учителите, поставување на директори, напредување, плати итн. Овој систем бил протекционистички и селективен. За директори се поставувале лица од Бугарија а не од Македонија, учителите од Бугарија биле поставени погоре во секој поглед од тие од Македонија кои биле и осомничени за бунтовите во ученичките средини и често преместувани со одлука на директорот. Разместувањето и намалувањата на плати најчесто биле кон оние учители кои биле критичари на егзархиската политика и директорот и тоа речиси секогаш биле учителите Македонци, кои биле во спротивниот табор од таборот на директорот. Споровите не биле чисто стручни, туку ги врзувале пошироки, често политички прашања кои ги конфронтирале македонските од бугарските учители во чија група имало и по некој Македонец . Тие се конфронтирале и по други политички и државни прашања. Во овие конфронтации во гимназијата и општините била вршена диференцијација на македонските и бугарските интереси, односно на оние кои биле дојдени од геогравска Македонија под османлиска власт и оние од кнежевството Бугарија, како во училишните работи така и во општествените. Тој вриеж и конфронтации се пренеле и на учениците и сето тоа станува замавно тркало и основа на политичко групирање и организирање на младите Македонци со цел да се превземе целесообразна активна дејност за ослободување на татковината од османлиската власт и за еманципација на македонските интереси од влијанието на соседните балкански држави. Тој процес во 1892-1893 е завлезен во своето финале, така што почнува барање на блиски по идеја и дух сомисленици заради здружување за остварување на заедничката национална цел. Тоа взаемно приближување на блиските по идеја и намера и храбри по решителност, конечно се случило на почетокот на учебната 1893/1894 година кога се состанале Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батанџиев во станот на Христо Батанџиев на 23 Октомври 1893 година и решиле да се формира Македонска револуционерна организација (МРО) со цел да се добие автономија на Македонија, предвидена во членот 23 од договорот на големите сили постигнат на Берлинскиот конгрес во 1878 година.

По средбата на 23 Октомври и по други средби околу Божиќ и по него, во пролетта 1894 година (на Богојавление и на Велигден) биле одржани уште две други средби на кои бил донесен устав на организацијата и бил конституиран нејзиниот прв централен комитет, именуван како Централен македонски револуционерен комитет, кога за претседател е избран д-Христо Татарчев, а за секретар и благајник Дамјан Груев. Интересно е што на идејата за слобода и автономија на Македонија најмногу се одзвале младите ученици, работници и занаетчии од чии што редови биле првите зачленувања во МРО. Најголем дел од тие први припадници биле од подолните македонски слоеви. Поради тоа, тие први чекори при формирањето на МРО наидувале на голем песимизам и на потценувачки приговори и коментари кај тогашните по издигнати интелектуални и градски категории, кој на целата идеја гледале како на авантуризам, но тоа иако свесни дека е така, не ги обесхрабрило основачите и продолжиле со активности за привлекување што повеќе приврзаници. Сите основачи согласно договорот на 23 Октомври најпрвин се обратиле кон своите лични пријатели, а понатаму и кон нивните блиски ширејќи ја идејата. Дамјан Груев најмногу успех имал во привлекување учители и трговци во револуционерната мрежа. Иван Хаџи Николов преку својата книжарска дејност вршел пропаганда кај младите учители и ученици. Христо Батанџиев кој бил секретар на солунската општина исто така привлекол учители и ученици но и свештеници кои ја посетувале општината. Петар Поп Арсов кој бил професор во егзархиската машка гимназија водел големи расправи и борби со идејните противници и скептици. Андон Димитров делувал по месните средини каде имал голем авторитет. Татарчев како лекар секојдневно стапувал во контакт со многу луѓе и како човек со огромен авторитет исто така вршел пропагандна дејност и учество во привлекување на првите приврзаници и членови на МРО. Резултатите биле неочекувани и многу поголеми од предвидувањата и ги изненадиле и самите основачи. Револуционерната идеја и автономијата биле широко прифатени и вистинско будење на народните маси барајки надеж за подобра, по човечка и поправедна иднина. Тоа е всушност и првата повеќе годишна фаза на организацијата: будење и ширење на идејата низ народните маси. Христо Татарчев подоцна ќе запише: “новото учење се голташе со жар и ликот на слободна Македонија го внесуваше во егзалтација”. Бројот на нови покрстени и зачленети членови брзо нараснал. Вардарска црква во Бугариево и книжарницата на Иван Хаџи Николов станале главно сврталиште и најважни пунктови на идните револуционери каде најчесто се сретнувале. Подоцна револуционерни гнезда се шират низ цела земја но Солун како културен, економски и политички центар на геогравска Македонија, уште долго останал средиште и срце на ослободителното дело.Ѓорче Петров во беседата за Гоце, 27 години подоцна, отценува дека условите биле созреани но основачите ги канализирале.

Тие ненадејни и бурни резултати со омасовувањето донеле потреба од побрзо осмислување на структурата на самата организација, утврдување на принципите на нејзиното поврзување и раководење по хоризонтала низ цела Макеоднија и по вертикала од нејзините најосновни ќелии па до нејзиниот врв. Па така од 15 до 18 август 1894 година, во Ресен во куќата на Татарчеви се собрале петнаесетина членови на МРО каде по анализата носат неколку одлуки:

1. Макеоднија да се подели на револуционерни окрузи во кои да се постават одговорни лица со нужен авторитет

2. Матерјални средства да се собираат, покрај од членовите и од други лица кои се симпатизери на делото

3. Во училиштата и црковно училишните институции да се вметнат што е можно повеќе луѓе кои се симпатизери на делото

4. Да се засили пропагандата со весници и со револуционерна литература.

По Ресенското советување или како што некои историографи го нарекуваат “конгрес”, следуваат уште поголеми омасовување и популаризирање и на МРО му пристапуваат бројни способни и авторитетни кадри како Гоце Делчев, Христо Матов, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Мише Развигоров, Пандо Кљашев, Кирил Прличев, Димитар Мирасчиев и многу други.После Ресенското советување фокусот е на освојување на општините, посебно нивниот училиштен оддел за да може организацијата да ги распредели своите членови учители во поважните градови каде би вршеле пропагандна активност, омасовување и би создавале гнезда на организацијата. Со таа цел, организацијата решила да го кандидира Х. Татарчев за претседател на солунската егзархиска општина но доаѓа во конфликт со т.н. егзарска партија, повеќе постари, угледни и побогати лица кои на идејата на МРО гледале како на авантуристичка идеја на група авантуристи, “даскалчиња” кои можат да навлечат само проблеми на народот. Еден од нив, Коне Самарџиев, никако неможел да се помири и со тоа дека коректорот во неговата печатница Дамјан Груев со неговите другари ќе ја раководи општината, но имал отпор и кон Иван Хаџи Николов кој ја отворил втората книжарница во градот и му станал конкуренција.

По освојувањето на солунската егзархиска општина, младите сили на МРО како ново и се попопуларно движење во македонските работи добило и идеен противник од егзархиското движење или течение каде се приклониле богати и угледни преставници тесно поврзани со политиката на Егзархијата и со самата неа, во чие движење се приклучила и една група на учители од солунската гимназија на чело со Михаил Сарафов, кој со повеќе други идеолози на егзархиското движење влегуваат во судири и непријателства до точка на меѓусебна пресметка и ликвидација со МРО, која подоцна ќе биде спречена со умешното посредување на Борис Сарафов како претседател на Врховниот македоно-одрински комитет но и со интервенции од бугарските владини кругови.Година-две по Ресенското советување веќе цела Македонија е покриена со комитети и дружини за што се поставила потребата за одржување на првиот конгрес на МРО, кој Татарчев го нарекува и “конститутивен”, и кој се одржал во Солун во 1896 година со кој претседава Татарчев кој останува претседател на централниот комитет се до неговото апсење во 1901 година.

Влегувањето на Гоце Делчев во организацијата следува веднаш по отпуштањето на Делчев од Военото училиште во Софија во септември 1894 година и е во посредство со Дамјан Груев и по претпоставка на Ефрем Чучков, веројатно преку другар на Делчев, кукушанецот Георги Имов, отпуштен од Военото училиште уште пред Делчев, по што веднаш во посредство на МРО е испратен во штипското предградие Ново Село да биде учител, каде постигнува неверојатен успех и заедно со ист таков успех на Пере Тошев во Битола, тие градови и околии се двете најголеми стожери на организацијата во тие години.

Со приклучувањето на Делчев организацијата добива многу. Ѓорче Петров во неговата беседа за Гоце одржана на 16 годишнината од денот на неговата смрт, ќе каже: “Кај што ќе стапнеше, работите на организацијата добиваа на брзина, која работа ќе ја почнеше одеше брзо кон нејзиниот крај, а по пат уште и го подигаше расположението. Неговите зборови беа ослободени од секакви скруполи, кога некого канеше да работи, создаваше пламен кај слушателите. Во неговите дела и слава се чуствуваше дух на бестрашност, себе откажување, дух кој ги заразуваше гледачите и слушателите и соучесниците и на тој начин проникнуваше во нив. Со тие свои квалитети тој внесуваше нов живот во краевите кои ги посетуваше, создаваше темперамент и расположение дури и кај луѓето со кои влегуваше во судир.”

Ова се само некои делови и фрагменти од почетоците на македонската револуционерна борба чии централен датум е 23 Октомври 1893 година, за кои е убаво да се потсетиме на овој празничен ден.

Нека е честит и вечен празникот на македонската револуционерна борба!

Нека е вечна Македонија!

Пишува: Nikola Gruevski 

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Стојанче Никодиноски: 127 години непокор. Да живее Организацијата!
Следна објава Еве од кој историски лик Илија Димовски учел за ВМРО
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 545
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 901
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 929
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 575
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 583
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 806
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 592
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1020
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 544
Жена на денот
Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

565
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

2038
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Словенските пожарникари денеска гасеа пожар на куќа во Берово. Најдобро да си ги "посвоиме" засекогаш
Регион

Словенските пожарникари денеска гасеа пожар на куќа во Берово. Најдобро да си ги "посвоиме" засекогаш

Авг 12th, 202118
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.